Дијабетес Тип 1

Што е Дијабетес Тип 1?

Дијабетес Tип 1 (инсулинозависен дијабетес). Станува збор за автоимуно заболување со можна генетска предиспозиција. Се јавува во која било возраст, но најчесто кај деца, тинејџери или млади луѓе. Кај овој тип дијабетес панкреасот создава многу малку или воопшто не создава инсулин.

Кај Деца

Кај деца се појавува најчесто помеѓу 12-14 години првите симптоми се често мокрење, појава на жед и појава на голем апетит.

Знаци и симптоми карактеристични за Тип 1 Дијабетес

  • Зголемено чувство на жед
  • Често мокрење
  • Зголемен апетит
  • Пациентите се обично слаби или со нормална тежина
  • Замор
  • Заматување на видот
  • Бавно зараснување на рани
  • Благо покачен крвен притисок
  • Чести инфекции (инфекции на непцето, кожата, вагината, мочниот меур)
  • Несакано губење тежина
    • Значајно несакано губење тежина за неколку недели што ѝ претходи на дијагнозата вообичаено сугерира инсулин-зависен дијабетес.
  • Кетоацидоза за време на дијагнозата
    • Кетони јасно присутни во урината и/или во серумот.
    • Метаболна ацидоза.
  • Ниска C-peptide концентрација (т.е. оштетена ендогена инсулинска продукција)
    • Серум C-peptide - низок за време на дијагнозата (< 0.2–0.3 nmol/L), подоцна недетектибилен (вообичаено < 0.1 nmol/L).
  • Напомена!
  • C-peptide е зависно од нивото на гликоза во крвта (се зголемува со високи нивоа на гликоза и се намалува со ниски нивоа на гликоза).

  • Антитела против островските клетки или GAD-антитела (позитивни кај 70–80% од пациентите за време на дијагнозата, одредување обично не е потребно кај пациенти помлади од 20 години).

  • Почеток вообичаено под 30-годишна возраст; но кај некои пациенти (10-15%) болеста се јавува во подоцнежен стадиум.

Ризик фактори за дијабетес тип 1:

  • Присуство на антитела
  • Изложување на одредени вирусни заболувања
  • Намалено внесување на витамин Д
  • Давање на кравјо млеко во рана возраст

Случаи на дијабетес во светот

Се проценува дека 415 милиони луѓе живеат со дијабетес во светот, за што се проценува дека е 1 од 11 од возрасната популација во светот. 46% од луѓето со дијабетес не се дијагностицирани. Се очекува бројката да се искачи на 642 милиони луѓе кои живеат со дијабетес ширум светот до 2040 година.

Кој е најдобриот лек за дијабетес тип 1?

Двете опции за инсулин првично одобрени од Управата за храна и лекови (ФДА) за управување со шеќери во крвта кај луѓе со дијабетес тип 1 се – инсулин и Симлин. Инсулинот е основниот третман за управување со шеќерот во крвта кај луѓе со дијабетес тип 1.