
Надзорен одбор
Надзорниот одбор врши контрола над работата на органите на Сојузот, а особено контрола над материјално-финансиското работење.
Надзорен одбор на СЗДМ:
- Зоран Бојковски
- Марија Кожинкоска
- ИВиктор Лукарски
Надзорниот одбор ги има следните надлежности:
- Донесува деловник за работа заради поефикасно остварување на своите надлежности
- Го следи спроведувањето на Статутот и програмата за работа на СЗДСМ
- Го следи начинот на работа на органите и телата на Сојузот
- Ја прегледува годишната завршна сметка и други акти на организацијата
- Предлага мерки кои треба да бидат превземени за спроведување и отстранување на неправилностите во работата на СЗДСМ
- Врши други работи утврдени со овој Статут, интерните акти на Сојузот и актите на Собранието
Надзорниот одбор се состанува по потреба, а најмалку два пати во текот на една календарска година.
Надзорниот одбор еднаш годишно до Собранието поднесува извештај за својата работа, кој задолжително содржи извештај за спроведената контрола и надзор над законитостата на финансиското и сметководствено работење.
Сите органи и тела на Сојузот се должни, на барање на Надзорниот одбор, да достават примероци од целокупната документација со која располагаат, како и да соработуваат со Надзорниот одбор при спроведувањето на активностите на контрола и надзор