Управен Одбор

Управниот одбор е колективен извршен орган кој управува со работењето на Сојузот помеѓу две седници на Собранието.

Управниот одбор го сочинуваат 7 (седум) членови, од кои 6 се избираат од страна на Собранието, додека Претседателот на Сојузот е член на Управниот одбор по функција.

Членовите на Управниот одбор се избираат со мандат во времетраење од 4 години, со право на реизбор.

Членовите на Управниот одбор во секое време треба да се водат по целите и интересите на Сојузот над поединечните или посебни цели и интереси на која и да е друга страна.

Членовите на Управниот одбор имаат право и должност да учествуваат во работата на Управниот одбор, да даваат иницијативи за подготвување на општи акти и да учествуваат во извршувањето на другите надлежности на Управниот одбор, во согласност со Статутот, интернте акти на Сојузот, деловникот за работа, одлуките, заклучоците и насоките на Управниот одбор и Собранието.

Управниот одбор ги има следните надлежности:

  • Ги извршува одлуките и заклучоците на Собранието
  • Утврдува Предлог-статут и останати општи акти кои ги донесува Собранието на Сојузот
  • Ја анализира работата и состојбата на организацијата во целина и презема мерки за јакнење и унапредување на истата
  • Усвојува извештаи од акциите и активностите на Сојузот
  • Усвојува извештаи од меѓународни активности на кои учествувал Сојузот
  • Усвојува годишна програма за работа на Сојузот
  • Разгледува предлози на работните, основните и организационите единици како и предлози на поединци и одлучува за нив
  • Остварува соработка со органите на Републиката, локалната самоуправа и други органи и организации
  • Се грижи за материјално-финансиското работење на Сојузот во согласност со усвоените планови, правилници и важечките закони
  • Избира Потпретседател од своите редови
  • Именува и разрешува Секретар на Сојузот и ја разгледува неговата работа
  • Донесува правилници и други акти со кои поблиску се регулираат прашањата од работата на Сојузот
  • Донесува одлука за висината и начинот на прибирање на чланарината
  • Му предлага на Собранието донесување на одлуки за прием и исклучување од членство на здруженија на дијабетичари
  • Донесува одлука за пофалби, признанија и одликувања на Сојузот
  • Донесува одлуки за разрешување на проблеми со дисциплината и суспензии од членство
  • Остварува соработка со признати меѓународни облици на здружување на лицата со дијабетес, како и со национални организации на дијабетес
  • Одлучува за кандидирање на Сојузот за организирање на големи меѓународни активности и настани
  • Одлучува за заштитата и безбедноста на имотот на Сојузот
  • Одговорно е за спроведување на програмата на Сојузот
  • Ја контролира усогласеноста на општите акти на сите организациони единици на Сојузот со Статутот и општите акти на Сојузот
  • Ги врши сите активности кои согласно закон Сојузот ги има како основач и содружник на правно лице, вклучително именување на раководни лица и лица/органи на надзор
  • Донесува одлуки за формирање на комисии, тела и одбори за извршување работи од негова надлежност
  • Донесува одлука со која ја утврдува листата на здруженија на дијабетичари кои ја обновиле регистрацијата во тековната година
  • Одлучува за поведување на постапка за надомест на штета и други судски постапки во согласност со Статутот и позитивните правни акти на Република Македонија, а со цел остварување на правата и заштита на правните интереси на Сојузот
  • Донесува одлуки за ангажирање на лица на определни работни позиции
  • Остварува соработка со стручни лица за дијабетес, медицински установи и други институции а во интерес на лицата со дијабетес
  • Раководи со имотот и средствата на Сојузот, без право на отуѓување
  • Донесува Правилник за организација и систематизација на работни места
  • Ги одредува целите и принципите на уредувачката политика на своите гласила
  • Врз основа на одлука на Собранието основа праавно лице или превзема дејствија за спроведување на постапка за стекнување на учество во капиталот на трговско друштво
  • Донесува одлуки кои согласно Законот за трговските друштва се во надлежност на највисокиот орган на управување на друштвото
  • Одлучува за распределбата и намената на средствата остварени како добивка од работетето на трговските друштва во кои како основач/сопственик се јавува Сојузот
  • Ги подготвува седниците на Собранието
  • Усвојува финансиски план за работата на Сојузот
  • Врши други работи утврдени со овој Стаут, интерните акти на Сојузот и актите на Собранието

Управниот одбор за својата работа одговара пред Собранието.

Работата на Управниот одбор се регулира со посебен Деловник кој се усвојува со мнозинство гласови од вкупниот број членови.

Состав на Управен одбор:

  1. Димче Велев - Претседател
  2. Лидија Дамјанова - Потпрестедателка
  3. Тони Митев - член
  4. Биљана Солунчевска - членка
  5. Велко Бобаровски - член
  6. Јордан Синадоновски - член
  7. Владо Златковски - член
  8. д-р сци Катерина Адамова - надворешна члнека
  9. дипл. мед. сест. Татјана Ѓорговски - надворешна членка

Врз основа на Статутот на Сојузот на дијабетичари на Македонија - СЗДМ, членките на сојузот со генерална цел СЗДМ да стане одржлива граѓанска организација во која ќе се обединат најголем дел од здруженијата на дијабетичари во државата, а со единствена намара да се практукува траснпарентна и одговорна работа, со што ќе се постигне поголема ефективна и ефикасна работа, Собранието на СЗДМ на својата седница одржана на ден 25.01.2020 година, донесе

КОДЕКС

За работа на членовите на Извршниот одбор на СЗДМ

  1. Извршниот одбор на СЗДМ, како највисок управен колективен орган на СЗДМ, својата работа ја темели и остварува искличиво согласно уставот и законската регулатива во Република Северна Македонија, опишана во одредбите на Статутот на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија СЗДМ. За работата на одборот одгвара Претседателот на СЗДМ.
  2. Извршниот одбор како основни принципи на работа ги има: тимската работа, транаспарентно, отчетно и одговорно работење. Во редовната пракса комуникацијата помеѓу членовите на Извршниот одбор ги користат сите средства кои се на располагање и ги споделуваат сите потребни информации навремено и целосно.
  3. Со работата на извршниот одбор раководи Претседателот на СЗДМ, во негово отсуство а со утврдени одредби во Деловник за работа на одборот Потпретседателот на сојузот.
  4. Координацијата на работата на одборот, редовната комуниакција и споделување на официјални информации, документи и сл, ја врши Секретарот на СЗДМ, по овластеување на Претседателот.
  5. Извршниот одбор на СЗДМ брои девет члена и тоа Престедателот, Потпретседателот и 7 члена избрани од Собранието на СЗДМ
    • Во редовното функционирање на работата на одборот, во тековниот мандат, секој од членовите има определено задача и/или улога за која носи одговорност пред членовите на одборот.
  6. Улогите, надлежностите и задачите на Претседателот и Потпрестедателот се утврдени со Статут на СЗДМ, при што Потпретседателот се грижи и за меѓународанта соработка, додека членовите на одборот, се одговорни за:
    1. Дијабетес Т1 и Дијабетес Т2
    2. Регионална организација
    3. Млади (деца и студенти до 20)
    4. Спорт и рекреација
    5. Соработка со владини и здравствени установи и клиники
    6. Соработка со други партнерски граѓански организации (НВО)
  7. Секој член на одборот добива соодветна задача како Координатор и за својата работа поднесува извештај до Претседателот на секои 6 месеци.
  8. Оваа одлука стапува на сила со денот на нејзиното усвојување.

СОБРАНИЕ НА СЗДМ