Собрание

Собранието е највисок орган на Сојузот, кое го конституираат и него го сочинуваат:

  • Претседателот на секое здружение на дијабетичари – полноправен член на Сојузот и преставници (делегати) зависно од бројот на регистрирани членови на здружението на дијабетичари:
    • до 50 членови - 1 претставник
    • од 51 до 100 членови - 2 претставници
    • над 101 - 3 претставници
  • Членовите (делегати) на Собранието мора да бидат полнолетни државјани.
  • Доколку претставник на членка на Сојузот стане член на УО или на надзорниот одбор неговото членство во Собранието се замрзнува и истиот се заменува со друг член од истото здружение, согласно критериумите.

Надлежности на Собранието на Сојузот:

  • Донесува Статут и усвојува негови измени и дополнувања
  • Одлучува за статусни промени на Сојузот
  • Одлучува за промена на целта на СЗДСМ
  • Обезбедува единство на организација во остварувањето на своите цели
  • Усвојува Програма и Стратегија на Сојузот и нивни измени и дополнувања, како и насоки за нивно имплементирање
  • Утврдува политика на организацијата со цел остварување на мисијата, визијата и целите преку примена на генералните вредности на сојузот
  • Ги утврдува основите за редовно финансирање на сојузот
  • Го избира и разрешува Претседателот на Сојузот
  • Ги избира и разрешува членовите на Управниот одбор
  • Ги избира и разрешува членовите на Надзорниот Одбор
  • Го усвојува извештајот за работа на Сојузот помеѓу две седници на Собранието
  • Го усвојува финансискиот извештај на Сојузот
  • Го усвојува извештајот на Надзорниот одбор
  • Потврдува одредени одлуки на органите на СЗДСМ
  • Одлучува за прием на нови членови
  • Одлучува за изрекување на дициплинска мерка “исклучување од Сојузот”
  • Одлучува за пристапување на Сојузот во национални и меѓународни облици на здружување
  • Одлучува за основање или учество на Сојузот во капиталот на правното лице заради остварување на целите утврдени со овој Статут
  • Донесува одлука за формирање на привремени работни тела за извршување на работи од негова надлежност
  • Донесува одлука за престанок на Сојузот со 2/3 мнозинство
  • Врши и други работи кои произлегуваат од овој Статут, актите на Сојузот, законите и другите прописи

Собранието својата работа ја уредува со посебен Деловник кој се усвојува со мнозинство гласови од вкупниот број присутни членови.

Со седницата на Собранието раководи Претседателот на Сојузот, а во негово отсуство, Потпретседателот или друг член на Управниот одбор на Сојузот присутен на седницата кој ќе го определи Собранието со мнозинство гласови.

Одлуките на седниците на собранието се полноважни доклку за нив јасно и недвосмислено се изјасниле повеќе од 1/2 од присутните членови на седницата, а најмалку 1/3 од вкупниот број на членови на Собранието, доколку со овој Статут или со закон не е поинаку определено.