Health & Fitness Forum 2025: Физичка активност и дијабетес – Потребни се дијабетес пријателски фитнес средини!?
Во рамките на Health & Fitness Forum 2025, што се одржа во Скопје, Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија зеде активно учество преку својот административен директор - Мартин Николов, кој учествуваше во панел-дискусија посветена на улогата на физичката активност кај лицата со дијабетес.
Во своето излагање, Николов ги истакна четирите клучни области што секој тренер и фитнес-инструктор треба да ги познава кога работи со лице со Дијабетес, особено со лице со Тип 1 дијабетес:
1. Континуирано следење на гликемијата
Лицата со T1D најчесто користат CGM-сензори или глукометри. Тренерите треба да знаат како да препознаат аларми за хипо или хипергликемија. Мерењата пред тренингот, секако се задолжителни. Во некои случаи, може да биде потребна кратка пауза за внес на јаглехидрати или корекција со инсулин.
2. Инсулинска терапија и распоред
Инсулинската доза може да се прилагоди во зависност од типот и интензитетот на тренингот. Затоа е важно тренерот да биде информиран за распоредот на терапијата и да комуницира отворено со клиентот.
3. Исхрана и ризик од хипогликемија
Во зависност од активноста, може да биде потребна брза закуска пред, за време или по вежбањето. Секој тренер треба да има при рака гел, шеќерен сок или глукозни таблети за итни ситуации.
4. Препознавање и итни мерки
Симптомите на хипогликемија (треска, замор, потење) и хипергликемија (сува уста, заматен вид) мора да бидат препознаени на време. Брза интервенција е клучна.
Во продолжение на разговорот, се отвори и прашањето: Како локалните фитнес-центри можат да помогнат?
Одговорот беше едноставен – преку партнерство, едукација и вклученост:
- Организирање на "дијабетес-пријателски часови" со обучени тренери.
- Едукација на фитнес-персоналот преку кратки обуки за основите на дијабетесот.
- Отворени денови за заедницата со здравствени активности и совети.
- Заеднички мотивирачки кампањи со награди и попусти за членовите на Сојузот.
Ова се мали, но значајни чекори кон создавање на општество каде физичката активност е достапна, безбедна и поддржувачка за лицата со дијабетес.









Се соочуваме со предизвици, имаме чесни и вистински сојузници - пријатели од регионот, Европа и светот. Секако, мора да бидеме посветени и зрели, и сериозно да се справиме со Дијабетесот, преку создавање на КУЛТУРА ЗА ДИЈАБЕТЕС во Македонија според потребите и приоритетите на Лицата со ДИЈАБЕТЕС, на вистинскиот „горчлив – сладок“ живот.
Нашата интеграција во оваа значајна, светска организација, кој е најмоќниот глас на лицата со ДИЈАБЕТЕС, е со особено значење како пациенти и семејства соочени со ПАНДЕМИЈАТА НА СЕГАШНОТО ВРЕМЕ, кое според прогнозите на медицинската наука - базирана на докази, прогресира многу бргу, а со новите истражувања и предвидувања бројките на светско и локални ниво се огромни. Се очекува дека во светот и Македонија во следната декада, 13% од возрасното население (19 - 79 години) ќе биде со дијагноза ДИЈАБЕТЕС!
Затоа, како национална мрежа на здруженијата на лица со дијабетес и на секој пациент, кој доброволно се приклучува и поддржува мисија и визија и стратешките цели, сме ориентирани да бидеме редовни, активни и квалитативно присутни чинители со справувањето со ДИЈАБЕТЕСОТ, пред се превенција од пораст на Дијабете Мелитус ТИП 2 и секако спречување на компликации од Дијабетес. Особено сме посветни на целта - 100% од лицата со Тип 1 да бидат со можност за квалитетно менаџирање на Дијабетесот со „затворени системи“ што значи секое лице со ДМ Тип 1 да има - Иновативна современа Инсулинска терпаија, CGM system и Инсулинска пумпа, да има реално нормален живот, без ризици за дополнително компликации.
Осигурувајќи се дека луѓето со дијабетес и нивните семејства добиваат можност да играат улога во грижата за дијабетесот, превенцијата и истражувањето е од клучно значење за враќање на сегашниот товар на дијабетес и неговите компликации.
Понатаму, тие мора да бидат вклучени во развојот на политики и стратегии релевантни за нивната грижа и во определувањето како се испорачуваат услугите.
Луѓето со дијабетес не се виновни за нивната состојба и не треба да бидат дискриминирани на училиште или на работа. Луѓето со дијабетес треба да ја уживаат истата социјална заштита и здравје на осигурително покритие овозможено за сите граѓани.
ИДФ ќе го промовира правото на пристап до најдобрата достапна нега за дијабетес за сите луѓе кои живеат со дијабетес, вклучувајќи ги и ранливите групи со дијабетес, како што се децата, постарите лица, луѓето со инвалидитет, домородните луѓе и етничките малцинства, без разлика на полот.
ИДФ ќе продолжи со својата работа да го поддржи создавањето на силни организации за дијабетес за да изгради, обучува и мобилизира мрежи на луѓе кои живеат со дијабетес. Ќе продолжиме да ги идентификуваме и да ги поддржуваат шампионите за промени и водачите на заедницата кои можат силно да зборуваат за поддршка на прашања идентификувани од нашата заедница како важни за нашата заедница.
ВИЗИЈА: Подобрете го животот на луѓето кои живеат со дијабетес и промовирајте акција за спречување на дијабетес.






