Uncategorized

Камп за лидесртво

СЗДСМ со свој претставник на Младинскиот камп за лидерство во Италија организиран од IDF

За прв пат откако СЗДСМ е членка на IDF, имаме наш кампер на Младинскиот лидерски камп 2025 (#YLC) во Парма, Италија! 🙌 Првиот ден започна со топло добредојде од претставниците на IDF Europe и домаќините. Исто така, камперите беа почестени од присуството на локалните власти и инспирирани од моќните говори од застапниците на дијабетесот, поставувајќи ја сцената за една недела учење, поврзување и јакнење. Вториот ден од Младинскиот камп за лидерство во Парма донесе моќни разговори, нови вештини и значајни врски на и надвор од теренот! 💡Денот започна со интерактивна работилница за Синдромот на измамник, водена од Алиса Фолкнер (ментор од Шкотска) и Пако Оренго Санчез, од Медтроник, што предизвика важни размислувања. 🔎Потоа, Ирина Власенко и Елизабет Дупонт, од IDF Европа, споделија сознанија за состојбата со дијабетесот низ Европа - истакнувајќи ги главните празнини во пристапот до здравствена заштита. Мартина Малија (ментор од Малта) истражуваше со учесниците како јазикот и говорот е важен во застапувањето, додека Кона Таки (ментор од Грција) ги водеше учесниците низ сесија за јакнење во односот лекар-пациент. 💙Вечерта заврши со сесија водена од Камерон Кирон (ментор од Ирска) и Хавир Пал (член на одборот на IDF Европа), фокусирана на излегување од зоната на удобност и справување со животот со дијабетес - емотивен и инспиративен момент. 🙏🏻Горди сме што Македонија и СЗДСМ како полноправен член на IDF, има свој претставник на овој младински камп за лидерство!
Read more...
Апел до Министерство за здравство

Дијабетичарите не се пациенти од втор ред – итен апел до Министерството за здравство!

Почитуван Министер за здравство, почитувана јавност,
Веќе неколку пати укажуваме дека нашите права како пациенти со дијабетес, корисници на инсулинска терапија и друга современа анти дијабетична терапија се загрозени, односно се прекршени и тоа:
  1. Критериумите за избор на ленти, ланцети, глукометри и сензори се сведуваат на најниска понудена цена. Ова е во кратки црти она што го заговара комисијата која е дел од вашето министерство а кој што став е целосно спротивен од нашите потреби за обезбедување на современи помагала со дефинирани и прифатливи перформанси;
  2. Тендерот за набвака на инсулинска терапија е завршен и договорите се потпишани пред речиси два месеци. Во овој момент се уште немаме достапни количини за ново поставени пациенти на современата антидијабетична терапија. За ова како сојуз бевме известени од страна на претходниот министер како големо постигнување на нашето министерство, истото го поздравивме со големо воодушевување но од тоа за сега сеуште нема ништо и се чуствуваме целосно излажани и изиргани;
  3. Количините на инсулинските производи по инсулинсиките аптеки се сведени на минимум и со тоа не се обезбедуваат предуслови да се задоволат потребите на постоечките пациенти.
Кога сме кај постоечките пациенти, од некој од докторите ендокринолози кои работат во центрите за дијабетес до нас, како сојуз, стасаа информации дека комисијата за дијабетес ќе почне да прави ревизија на постоечката терапија. Им било наведено дека на сите постоечки пациенти со современа терапија, истата ќе им биде ревидирана. Дали оваа ревизија значи дека доколку комисијата одлучи дека некој пациент не треба да биде повеќе на терапија што му ја одредил неговиот матичен ендокринолог ќе биде сменет односно префрлен на друга терапија.
Како Вие на нас како пациенти ќе ни објасните дека ние ќе добиваме терапија по ревизија која нема да се прави во лекарска ординација туку во некои од салите за состаноци во министерството за здравство. Дали ова значи дека комисијата за дијабетес на чело со нејзиниот претседател не им верува на стручните компетенции на неговите колеги ендокринолози, дали тие според него тие не се стручни да одлучуваат за нашата тековна терапија?
Ако е тоа така, тогаш јавно прашуваме кој тоа нас не лечи и каде се нашите права дозволени согласно законот за заштита на правата на пациентите?
Дали ова значи дека ниту еден центар за дијабетес не е покриен од стручни и компететни ендокринолози кои не знаат да применуваат медицина базирана на докази? Дали ова значи дека, сите преку 40.000 пациенти корисници на инсулинска терапија, ќе треба да дојдеме во министерсво за здравство на преглед и дали за тоа ќе треба да закажеме термин преку системот “МОЈ ТЕРМИН”? Ова прашуваме од логистички аспект да знаеме со време да си закажеме преглед кај комисијата. Пробуваме и во оваа лоша ситуација да останеме позитивни но се плашиме дека ѓаволот веќе ја однел шегата.
Несакајки да веруваме во овие гласини, дека ова е законски пропишано, го погледнавме и законот за здравствена заштита и останавме врапирани дека навистина во овој закон ингеренециите на комисијата за дијабетес се повеќе од реално дозволени и изводливи активности.
Наш пропуст е што до сега како сојуз не сме биле свесни за овие законски одредби но ова е навистина неприфатливо и надвор од еден здрав и реален разум. Имено за ниту една друга болест за ниту една друга терапија не постои комисија која е влезена во закон (овде ги исклучуваме ретките болести) и на ваков начин ние како пациенти сме обесправени во однос на сите други пациенти, се прашувате зошто?
  • затоа што прво треба да бидеме прегледани од нашите матични ендокринолози па потоа да одиме на преглед кај комисијата / или да чекаме комисијата да ни ја евалуира документацијата за одредени современа терапија.
  • затоа што на ваков начин ние се чуствуваме како пациенти/граѓани од втор ред. Само за нас треба да одредува адекватност на терапија некоја комисија. Ве прашуваме за која друга хронична болест постои вакво законско решение?
Овде сакаме да прашаме по кој водичи ќе се води комисијата односно нејзиниот преседател? Очекуваме и нормално е да се води по ADA/EASD водичите кои се прифатени од нашето професионално здружение на ендокринолози во чие што пишување веруваме дека биле вклучени сите членови на комисијата вклучително и нејзиниот моментален претседател или можеби не?
Затоа што се работи за еминентни национални стручњаци зошто сега се доведува во прашање стручноста на нивните колеги од центрите за дијабетес кои во нивната секојдневна работа се придржуваат на овие национални препораки, зошто сега треба да се прави ревизија на нивната препишана терапија кога знаеме дека сите тие се членови на националното здружение и целосно ги почитуваат нивните препораки?
Само по себе кај нас се наметунува дилемата дали можеби преку ноќ се сменети некои препораки кои не се прифатени од нашето професионално здружение или можеби се работи за некој личен каприц на моменталниот претседател на почитуваната комисија за дијабетес? Во ова второто не сакаме ниту да поверуваме затоа што не сакаме да поверуваме дека некој доктор во улога на претседател е способен да го загрози живот на 40.000 пациенти а со тоа и на (160.000 жители во нашата држава) со остварување на неговите лични амбиции, хирови и слично.
Исто се прашуваме дали вакви административни ревизии на терапии од комисии во состав на министерства се согласно препораките на IDF I WHO?
Во IDF сме активни и рамноправни членови и ќе ги прашаме, можеби и ќе ги научиме како не треба да се земат во предвид потребите и правата на пациентите!
Затоа почитуван Министер за здравство:
- АПЕЛИРАМЕ на разбирање и свеснот од ваша страна како Министерство за здравство да не бидеме ставени како потенцијални заложници на нечии лични амбици и лични убедувања. Никој од нас 40000-те илјади пациенти не е поставен на терапија ако немало медицинска потреба за истата и ниту една терапија не е препишана од доктор кој не е обучен да ја дава терапијата што ни е потребна;
- НАПОМЕНУВАМЕ дека било која потенцијална ревизија на нашата терапија ние ЌЕ ЈА СВАТИМЕ КАКО ОБИД ЗА ГУБЕЊЕ НА НАШЕТО ВЕЌЕ СТЕКНАТО ПРАВО ЗА СОВРЕМЕНА ТЕРАПИЈА И КАКО ДИРЕКТЕН УДАР НА НАШЕТО ЗДРАВЈЕ;
- ИТНО бараме промена на законските ингеренции на националната комисија за дијабетес затоа што моменталните се поставени над нашиот систем за здравствена заштита и се во директна колизија со стручните момпетенции на лекарите кои веќе се овластени да препишуваат терапија која ни е потребна на нас пациентите со дијабетес, а кои не се членови на комисијата. Согласно овие законски одредби само 5 доктори во цела држава ќе имаат право и привилегија да одредуваат терапија која спасува животи, терапија која намалува компликации, терапија која го подобрува квалитетот на нашиот живот;
- ИТНО бараме новите количини од современата терапија да бидат испорачани до инсулиниските аптеки а системот да биде одблокиран за да се иницираат нови пациенти. Овие количини ви се обезбедени со тековниот тендер само некои администратори/председателли го кочат процесот на штета на здравјето на оние пациенти на кои овие лекови им требаат и веќе два месеци се надеваат дека ќе ги добијат;
- ИТНО бараме распишување на тендерот за глукометри, ленти, ланцети и сензори согласно критериумите кои ќе бидат прифатливи од нас пациентите.
АПЕЛИРАМЕ И СМЕ СПРЕМНИ ЗА ревизија но да се направи ревизија на 2015, 2014 кога исто така комисијата за дијабетес во тоа време, замислете со ист член кој сега е претседател даде амин за паралелен увоз, даваше инструкции за административно префрлување на пациенти од една на друга терапија, администратитво и кабинетски допринесуваше да се влоши здравјето на нашите пациенти и ние тоа како пациенти НИТУ МОЖЕМЕ НИТУ САКАМЕ ДА ГО ЗАБОРАВИМЕ!
И додека во современите и развиени европски и светски здравствени системи препишувањето на антидијабетичната терапија е симнато на примарно ниво кај нас со овие најави дури ни лекар/специјалист/субспецијалист/професор од терциерно ниво нема да смее да препише терапија која не е одобрена од комисијата за дијабетес. Е ОВА Е ТРАГЕДИЈА, почитуван Министер ако ова се дозволи!
ЗАТОА нас не ни останува ништо друго, ако на ова наше барање/ апел не одговорете кооперативно и свесно да повикаме на јавен протест пред министерсво за здравство и пред влада затоа што веќе нема да прифатиме само ние пациентите со дијабетес да бидеме третирани како пациенти на кои се троши најмногу пари, како пациенти на кои треба да им се скратат веќе стекнатите права, како пациенти кои биле лечени од некои нестручни лекари па сега нашата терапија треба да биде ревидирана од комисија, како пациенти на кои треба да им се дадат најефитините глукометри и тн.
ВЕЌЕ НЕМА ДА ПРИФАТИМЕ НЕКОЈ ДА НЕ КОРИСТИ КАКО АЛАТКА ЗА ПОДКУСУРУВАЊЕ, ниту некој да не стави во позиција да бидеме граѓани од втор ред!!!
ОЧЕКУВАМЕ БРЗА РЕАКЦИЈА ОД ВАША СТРАНА ВО ИНТЕРЕС НА НАШИТЕ ПАЦИЕНТИ-ЧЛЕНОВИ НА СЗДСМ, ВО ИНТЕРЕС НА НАШИТЕ СЕМЕЈСТВА, ВО ИНТЕРЕС НА НАШИТЕ ДОКТОРИ, ВО ИНТЕРЕС НА ВАС КАКО МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО И НА КРАЈ ВО ИНТЕРЕС НА НАШАТА ДРЖАВА!!!
Read more...

Офталмолошко предавање на тема: Дијабетес и очни болести, современи пристапи во дијагноза и третман

Неделава беше успешно реализирано офталмолошко предавање од проф. д-р Биљана Ивановска Аџиевска, специјалист офталмолог од Деница - Специјална очна болница на тема: „Дијабетес и очни болести, современи пристапи во дијагноза и третман“. Ова предавање беше организирано од СЗДСМ и Здружението ЗД Мост-Скопје. Клучните теми на предавањето беа следниве: · Симптоми и дијагностика на дијабетска ретинопатија – како високите нивоа на шеќер во крвта влијаат на крвните садови во ретината, предизвикувајќи оштетувања кои може да доведат до губење на видот. · Макуларен едем – оток на макулата кој може да предизвика заматен вид и други визуелни нарушувања. · Современи третмани: - Анти-VEGF инјекции – медикаменти кои се инјектираат во окото за да се намали отокот и да се спречи растот на абнормални крвни садови. - Ласерска фотокоагулација – процедура која користи ласер за да се заштитат протечените крвни садови и да се спречи понатамошно оштетување на ретината. - Витректомија – хируршка интервенција за отстранување на стаклестото тело на окото, која се применува во напредни случаи на дијабетска ретинопатија. По предавањето, учесниците имаа можност да поставуваат прашања, на кои д-р Ивановска Аџиевска одговараше, споделувајќи практични совети и информации. На крајот на настанот, беше спроведено мерење на очниот притисок за заинтересираните присутни, со цел рано откривање на можни офталмолошки проблеми.
Read more...

Health & Fitness Forum 2025: Физичка активност и дијабетес – Потребни се дијабетес пријателски фитнес средини!?

Во рамките на Health & Fitness Forum 2025, што се одржа во Скопје, Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија зеде активно учество преку својот административен директор - Мартин Николов, кој учествуваше во панел-дискусија посветена на улогата на физичката активност кај лицата со дијабетес.

Во своето излагање, Николов ги истакна четирите клучни области што секој тренер и фитнес-инструктор треба да ги познава кога работи со лице со Дијабетес, особено со лице со Тип 1 дијабетес:

1. Континуирано следење на гликемијата

Лицата со T1D најчесто користат CGM-сензори или глукометри. Тренерите треба да знаат како да препознаат аларми за хипо или хипергликемија. Мерењата пред тренингот, секако се задолжителни. Во некои случаи, може да биде потребна кратка пауза за внес на јаглехидрати или корекција со инсулин.

2. Инсулинска терапија и распоред

Инсулинската доза може да се прилагоди во зависност од типот и интензитетот на тренингот. Затоа е важно тренерот да биде информиран за распоредот на терапијата и да комуницира отворено со клиентот.

3. Исхрана и ризик од хипогликемија

Во зависност од активноста, може да биде потребна брза закуска пред, за време или по вежбањето. Секој тренер треба да има при рака гел, шеќерен сок или глукозни таблети за итни ситуации.

4. Препознавање и итни мерки

Симптомите на хипогликемија (треска, замор, потење) и хипергликемија (сува уста, заматен вид) мора да бидат препознаени на време. Брза интервенција е клучна.

Во продолжение на разговорот, се отвори и прашањето: Како локалните фитнес-центри можат да помогнат?
Одговорот беше едноставен – преку партнерство, едукација и вклученост:

  • Организирање на "дијабетес-пријателски часови" со обучени тренери.
  • Едукација на фитнес-персоналот преку кратки обуки за основите на дијабетесот.
  • Отворени денови за заедницата со здравствени активности и совети.
  • Заеднички мотивирачки кампањи со награди и попусти за членовите на Сојузот.

Ова се мали, но значајни чекори кон создавање на општество каде физичката активност е достапна, безбедна и поддржувачка за лицата со дијабетес.

Read more...

Трчаме за Рацин 2025 – Создаваме дијабетес култура

Со особена чест најавуваме дека годинашното издание на традиционалната трка „Трчаме за Рацин“ што ќе се одржи во Велес на 08.06.2025 година, ќе биде посветено на поддршка на лицата со дијабетес во Република Северна Македонија.
Овој настан има за цел да ја подигне свеста за предизвиците со кои се соочуваат лицата со дијабетес, но и да ја истакне нивната сила, издржливост и посветеност кон активен и здрав начин на живот.
По три претходни успешни изданија, оваа година од организацијата најавуваат одлична трка и супер забава преку кои на свој автентичен начин ќе се чествува ликот и делото на Рацин. Исто како и на претходните изданија, и оваа година е предвидена детска трка, како увертира на главниот настан и трките на 5 и 10 километри. 
Ги повикуваме сите заинтересирани – спортисти, рекреативци, семејства, пријатели и поддржувачи – да ни се придружат и да бидат дел од оваа важна иницијатива. За повеќе информации или учество, ве молиме контактирајте не на 078/395-246 или испратете порака.
„Трчаме за Рацин“ е организирана според правилата за улично и маратонско трчање на IAAF и АФМ. Во склоп на настанот предвидени се три трки: 
  • Трка на 10км со почеток од 19:00ч,
  • Трка на 5км  со почеток од 19:00ч,
  • Детска трка – 100-400м со почеток од 17ч.
Пријавувањето е заклучно со 25.05.2025.
Заедно трчаме со цел. Заедно трчаме за поддршка. Трчаме за Рацин – трчаме за оние што се борат секој ден!
Read more...

Едукативен настан: Корисноста од Системите за континуирано мерење гликемија – сензори

На 7 мај во Куманово се одржа едукативен настан во организација на Здружение на дијабетичари – Куманово и Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, посветен на подигање на свеста и едукација за животот со дијабетес, особено за лицата со Тип 1 и дел од оние со Тип 2 дијабетес. Настанот беше фокусиран на системите за континуирано мерење на гликемија (CGM) – сензори, како и инсулинските пумпи и нивното влијание врз квалитетот на животот. Присутните имаа можност да слушнат предавање за најновите практики во менаџирање и третман на дијабетесот, поддржано од компанијата Би-МЕК Медицинска опрема. Дополнително, во еден отворен и топол разговор, повеќе присутни споделија лични искуства за животот со и без користење на сензори и пумпи, што придонесе за размена на корисни информации и зајакнување на заедницата. Како дел од настанот, на дел од присутните им беа донирани CGM уреди CIBIONICS, за што упатуваме голема благодарност до Би-МЕК за нивната несебична поддршка и ангажман во унапредување на третманот за лицата со дијабетес во Македонија. Со вакви активности, Сојузот продолжува да гради дијабетес култура базирана на едукација, поддршка и заедништво.
Read more...

Барањa за зголемување на бројот на корисници и задржување на минимум ниво на квалитет на достапни  ИНСУЛИНСКИ ПУМПИ, при јавната набавка за 2025 и 2026 година

Почитувани, во прилог Ви доставуваме Барање за зголемување на бројот на корисници и набавка на Инсулински пумпи со сензор  за целосно менаџирање на Дијабетес  кај лицата со ДМ Тип 1 во Северна Македонија.

Сојузот на здруженија со лица со дијабетес во Северна Македонија (СЗДСМ) бараме од Владата, Министерството за здравство и Национална комисија за дијабетес, за одлично  здравје на над 3.500 граѓани кои живеат со тип 1 дијабетес (Т1Д) во РС Македонија, пред престојната јавна набавка на ИНСУЛИНСКИ ПУМПИ, да ги осигурате  минуми критерумите за квалитет, а со тоа и дека секое лице со T1Д ќе има пристап до новите технологии кои превенираат нарушување на зравјето и  спасуваат животи.

Барањa за зголемување на бројот на корисници и задржување на минимум ниво на квалитет на достапни  ИНСУЛИНСКИ ПУМПИ, во Северна Македонија, при јавната набавка за 2025 и 2026 година

Вашата посветеност и определба со зрелост и одговорност кон секое лице за дијабетес, кон набавката и достапноста на современи и квалитетни системи на инсулински пумпи  за поголем број лица со дијабетес со тип 1, пред се мора да стане реалност, а не само бледи забелешки на хартија и дискусии во недоглед, затоа што најквалитетното современо менаџирање со дијабетесот во значително намалување на ризиците и хоспитализациите поврзани со дијабетес туку ќе им овозможи на сите корисници, пред се директен пристап до детални информации. Освен тоа, воведувањето на овие технологии има потенцијал да генерира значителни долгорочни финансиски заштеди за здравствениот систем. Квалитетното менаџирање на дијабетесот секогаш резултира во целосна редукција на хоспитализации, намалено траење на престој во болница, и потребата за дополнителни медицински интервенции. Дополнително, ова ќе допринесе кон растеретување на здравствениот систем и редуцирање на бројот на дневни посети на лекари од сите нивоа. Овие придобивки ќе создадат подобри услови за грижа и значителни подобрувања во квалитетот на живот на лицата со дијабетес.

БАРАЊЕ
Read more...

СЗДСМ зема учество на панел дискусијата: Превентивни прегледи – клуч на рано откривање и спречување на хронични болести

Сојузот на здруженија на лица со дијабетес на Македонија имаше чест да го одбележи значајниот јубилеј на своите партнери – 15 години постоење на приватната здравствена установа D.med Medical, институција која веќе една и пол деценија е посветена на унапредување на здравјето во нашата заедница. По повод овој јубилеј, беше организирана панел-дискусија на тема: „Превентивни прегледи – клуч на рано откривање и спречување на хронични болести“, каде во фокусот беше ставена превенцијата како основа за долгорочна и квалитетна здравствена заштита. Меѓу говорниците на панелот се обрати и претседателот на Сојузот на здруженија на лица со дијабетес на Македонија, Димче Велев. Панелот отвори важни прашања и истакна дека навремените прегледи можат да спасат животи, а соработката меѓу институциите и здруженијата е клучна за навремено откривање и справување со болести како што е дијабетесот. Со оваа активност, уште еднаш се потврди мисијата на D.med Medical – да биде двигател на промените во здравството преку рано откривање, квалитетна грижа и активна превенција, особено во полето на дијабетесот и неговите компликации. Сојузот изразува благодарност за беспрекорната посветеност и доверба која трае веќе 15 години. Нека оваа јубилејна година биде само почеток на нови успеси и уште поголема посветеност кон здравјето на нашите членови. ➡️ Во следните неколку дена ќе следи и јавна објава со активности и услуги кои оваа установа ќе ги обезбеди специјално за членовите на Сојузот – со уште поголем фокус на превенција, поддршка и пристапна грижа.  
Read more...

Важен ден за лицата со ДИЈАБЕТЕС во Македонија – Сега сме горди членки на Интернационалната дијабетес федерацја

На 27. Генерално собрание на International Diabetes Federation официјално, ПАЦИЕНТИ од Македонија станаа полноправна, рамноправна членка на СВЕТСКОТО СИНО СЕМЕЈСТВО - 250 организации со 160 држави, за 7 региони во светот. Генералното Собрание на International Diabetes Federation со освоени 96,30% гласови од вкупниот број на 199 присутни учесници донесе ОДЛУКА за ПОЛНОПРАВНО ЧЛЕНСТВО НА СОЈУЗОТ НА ЗДРУЖЕНИЈА НА ЛИЦА СО ДИЈАБЕТЕС НА МАКЕДОНИЈА. Се соочуваме со предизвици, имаме чесни и вистински сојузници - пријатели од регионот, Европа и светот. Секако, мора да бидеме посветени и зрели, и сериозно да се справиме со Дијабетесот, преку создавање на КУЛТУРА ЗА ДИЈАБЕТЕС во Македонија според потребите и приоритетите на Лицата со ДИЈАБЕТЕС, на вистинскиот „горчлив – сладок“ живот. Нашата интеграција во оваа значајна, светска организација, кој е најмоќниот глас на лицата со ДИЈАБЕТЕС, е со особено значење како пациенти и семејства соочени со ПАНДЕМИЈАТА НА СЕГАШНОТО ВРЕМЕ, кое според прогнозите на медицинската наука - базирана на докази, прогресира многу бргу, а со новите истражувања и предвидувања бројките на светско и локални ниво се огромни. Се очекува дека во светот и Македонија во следната декада, 13% од возрасното население (19 - 79 години) ќе биде со дијагноза ДИЈАБЕТЕС! Затоа, како национална мрежа на здруженијата на лица со дијабетес и на секој пациент, кој доброволно се приклучува и поддржува мисија и визија и стратешките цели, сме ориентирани да бидеме редовни, активни и квалитативно присутни чинители со справувањето со ДИЈАБЕТЕСОТ, пред се превенција од пораст на Дијабете Мелитус ТИП 2 и секако спречување на компликации од Дијабетес. Особено сме посветни на целта - 100% од лицата со Тип 1 да бидат со можност за квалитетно менаџирање на Дијабетесот со „затворени системи“ што значи секое лице со ДМ Тип 1 да има - Иновативна современа Инсулинска терпаија, CGM system и Инсулинска пумпа, да има реално нормален живот, без ризици за дополнително компликации. Осигурувајќи се дека луѓето со дијабетес и нивните семејства добиваат можност да играат улога во грижата за дијабетесот, превенцијата и истражувањето е од клучно значење за враќање на сегашниот товар на дијабетес и неговите компликации. Понатаму, тие мора да бидат вклучени во развојот на политики и стратегии релевантни за нивната грижа и во определувањето како се испорачуваат услугите. Луѓето со дијабетес не се виновни за нивната состојба и не треба да бидат дискриминирани на училиште или на работа. Луѓето со дијабетес треба да ја уживаат истата социјална заштита и здравје на осигурително покритие овозможено за сите граѓани. ИДФ ќе го промовира правото на пристап до најдобрата достапна нега за дијабетес за сите луѓе кои живеат со дијабетес, вклучувајќи ги и ранливите групи со дијабетес, како што се децата, постарите лица, луѓето со инвалидитет, домородните луѓе и етничките малцинства, без разлика на полот. ИДФ ќе продолжи со својата работа да го поддржи создавањето на силни организации за дијабетес за да изгради, обучува и мобилизира мрежи на луѓе кои живеат со дијабетес. Ќе продолжиме да ги идентификуваме и да ги поддржуваат шампионите за промени и водачите на заедницата кои можат силно да зборуваат за поддршка на прашања идентификувани од нашата заедница како важни за нашата заедница. ВИЗИЈА: Подобрете го животот на луѓето кои живеат со дијабетес и промовирајте акција за спречување на дијабетес.
  • Пристап до прифатлива, квалитетна нега и образование за дијабетес ширум светот!
Глобални цели за покривање на дијабетесот до 2030 година:
  • 80% од луѓето кои живеат со дијабетес се дијагностицирани
  • 80% од луѓето со дијагностициран дијабетес имаат добра контрола на гликемијата
  • 80% од луѓето со дијагностициран дијабетес имаат добра контрола на крвниот притисок
  • 60% од луѓето со дијабетес над 40 години добиваат статини
  • 100% од луѓето кои живеат со дијабетес тип 1 имаат пристап до прифатлив инсулин третман и само-следење
Им благодариме на сите за поддршката, им благодариме на Меѓународната федерација за дијабетес Европа за целосната и безрезервна поддршка.
Read more...
Диамед

Потпишан договор за соработка меѓу СЗДСМ и Специјалната болница за нефрологија со дијализа Diamed

Со големо задоволство све информираме дека во пресрет на 13-ти Март - СВЕСТСКИОТ ДЕН НА БУБРЕГОТ, Сојузот на здруженија на дијабетичари - СЗДСМ, потпиша ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА со Специјална болница за нефрологија со дијализа Diamed Скопје.
Генералната цел, на овој договор е да се воспостави и унапредува соработката помеѓу наведените субјекти во насока на подобрување на квалитетот на живот на лицата со дијабетес, за едукација и превенција и современ третман на кардио – васкуларни и нефропатски компликации, преку координирано спроведување на заеднички активности.
Посебни цели на договорот се:
  • Едукацијата и информирањето за потребата од превенција и спречување за кардио – васкуларните и нефропатските компликации е топ приоритет за Лицата со дијабетес (ЛсД)
  • Намалувањето на дебелината/обезноста, крвниот притисок и високото ниво на шеќер кај ЛсД се најважните фактори за превенција на компликации
  • Потребно е да се користи иновативна терапија, медицински помагала и опрема која постои и да биде на располагање на ЛсД
  • Потребна е координација помеѓу здравствените институции кога станува збор за ДМ и превенција на компликациите
  • Следење на параметрите на ЛсД во примарното здравство, и раното реагирање може да превенира компликации кај ЛсД.
  • Самите ЛсД треба да бараат проверка на урината (уринарен седимент) и крвни анализи најмалку еднаш годишно за да се направи проверка за состојбата и функцијата на бубрезите
  • Потребно е да се едуцираат ЛсД и медицинскиот кадар во примарно здравство за тоа кои лекарства и здравствени состојби можат да влијаат негативно на работата и функцијата на кардио – васкуларните и нефропатски органи.
  • Има потреба од спроведување истражувања и студии на ЛсД и лицата на дијализа за да се увидат најновите трендови и ефикасни налини за превенција.
Клучни активности:
  • Превенција на кардио – васкуларни, нефропатски и невропатски компликации од дијабетес – учество на доктори вработени во ПЗУ Специјална болница ДИАМЕД Скопје во кампањи за поддигнување на свесноста на населението за дијабетесот и факторите кои предизвикуваат компликации организирани од Сојуз на здруженија на дијабетичари.
  • Имплементација на координирани скриниг програми за рано откривање на ХББ, особено во руралните средини,
  • Акции за навремено воведување на иновативна терапија и унапредување на нивото на знаењата кај ново дијагностицираните и останатите лица со компликации по пат на зајакнување на едукативните центри за правилен пристап во самоменаџирањето на дијабетсот.
Read more...