


За нас
Што е нашата мисија?
Создавање дијабетес култура кај сите наши вклучени страни, со цел овозможување на континуиран пристап до најсовремена терапија за сите лица со дијабетес и градење модерни здравствени закони и општествено-социјални стандарди за овозможување еднаков третман на лицата со дијабетес.

Повеќе информации
Полноправно членство во IDF
Порака од претседателот на IDF, Prof. Peter Schwarz
Задоволство ми е да ве информирам дека Сојузот на здруженија на лица со дијабетес на Македонија е официјално прифатен за полноправна членка на Меѓународната федерација за дијабетес (IDF) за време на нашето Генерално собрание одржано на 7-ми Април 2025 година. Во име на Одборот на IDF, би сакал да ви посакам добредојде и да ви се заблагодарам што се приклучивте на нашата растечка организација на Федерацијата на членки.
Ве охрабрувам да се вклучите во работата на IDF и да ни помогнете да ја постигнеме нашата мисија - да го подобриме животот на луѓето кои живеат со дијабетес и да го спречиме дијабетесот кај оние кои се изложени на ризик. Ние сме секогаш отворени за вашите повратни информации и ве охрабруваме да не одржувате ажурирани за вашата работа. Исто така, ве охрабрувам да останете во близок контакт со регионалната канцеларија на IDF за Европа.
Уште еднаш, добредојдовте во Меѓународната федерација за дијабетес. Со нетрпение очекуваме да ги слушнеме вашите идеи и перспективи.
Голем поздрав
Слатки горчини
“Слатки горчини” се раскази со животни приказни на пациенти со состојба на дијабетес мелитус.
Brochure
Union of Association of persons with Diabetes of N. Macedonia
Блог

Офталмолошко предавање на тема: Дијабетес и очни болести, современи пристапи во дијагноза и третман
Неделава беше успешно реализирано офталмолошко предавање од проф. д-р Биљана Ивановска Аџиевска, специјалист офталмолог од Деница - Специјална очна болница... read more

Health & Fitness Forum 2025: Физичка активност и дијабетес – Потребни се дијабетес пријателски фитнес средини!?
Во рамките на Health & Fitness Forum 2025, што се одржа во Скопје, Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија... read more

Трчаме за Рацин 2025 – Создаваме дијабетес култура
Со особена чест најавуваме дека годинашното издание на традиционалната трка „Трчаме за Рацин“ што ќе се одржи во Велес на... read more

Едукативен настан: Корисноста од Системите за континуирано мерење гликемија – сензори
На 7 мај во Куманово се одржа едукативен настан во организација на Здружение на дијабетичари – Куманово и Сојузот на... read more

Барањa за зголемување на бројот на корисници и задржување на минимум ниво на квалитет на достапни ИНСУЛИНСКИ ПУМПИ, при јавната набавка за 2025 и 2026 година
Почитувани, во прилог Ви доставуваме Барање за зголемување на бројот на корисници и набавка на Инсулински пумпи со сензор за целосно... read more

СЗДСМ зема учество на панел дискусијата: Превентивни прегледи – клуч на рано откривање и спречување на хронични болести
Сојузот на здруженија на лица со дијабетес на Македонија имаше чест да го одбележи значајниот јубилеј на своите партнери –... read more

Важен ден за лицата со ДИЈАБЕТЕС во Македонија – Сега сме горди членки на Интернационалната дијабетес федерацја
На 27. Генерално собрание на International Diabetes Federation официјално, ПАЦИЕНТИ од Македонија станаа полноправна, рамноправна членка на СВЕТСКОТО СИНО СЕМЕЈСТВО -... read more
Маркетинг
За повеќе информации за "Kористење на инсулинска терапија" или "Справување со вашиот дијабетес", ве молиме кликнете на едно од копчињата подоле.

Сакам да го препорачам на сите коишто се соочуваат со дијабетес или сакаат да го спречат, да се приклучат на овој сојуз. Знаењето и поддршката што ја добивате од нив е несоцениво и може значително да ви помогне во борбата против оваа состојба. Благодарам на Сојузот на дијабетичари на Северна Македонија за сите информации и поддршка!
Со помош на овој сојуз и нивните информативни сесии и материјали, успеав да стекнам значително повеќе знаење за оваа состојба и начините на кои може да се спречи или контролира. Сега имам детални информации за значењето на дијабетесот, како влијае на организмот и како да го следам правилниот начин за предупредување.