ИТНО зголемување на термините и подобра достапност до специјалистички прегледи за лицата со дијабетес
Сојузот на здруженија на лица со дијабетес на Македонија, како заеднички претставник на лицата кои живеат со дијабетес во државата, подолг временски период укажува на потребата од подобрување на пристапот до редовни, навремени и континуирани специјалистички прегледи.
Редовните контроли претставуваат основен и неопходен дел од здравствената грижа за лицата со дијабетес, бидејќи преку нив се следи текот на болеста, се проценува здравствената состојба и се одредува соодветната терапија, неопходна за успешно секојдневно менаџирање на дијабетесот.
Подеднакво значајно е и навременото реализирање на прегледите за рано откривање, следење и третман на компликациите од дијабетесот, со цел обезбедување поквалитетен, подостоинствен и поздрав живот за пациентите.
Во таа насока, изразуваме сериозна загриженост поради ограничената достапност на специјалистички термини и упатуваме иницијатива за унапредување на постојните протоколи и процедури за закажување прегледи, како и за зголемување на достапноста на континуирана здравствена грижа за хронично болните пациенти.
Особено внимание заслужува фактот што околу 4.000 лица со дијабетес тип 1 своите контроли ги реализираат на Универзитетските клиники во Скопје — приближно 650 деца на Универзитетската клиника за детски болести и околу 3.550 пациенти на Клиниката за ендокринологија, дијабетес и метаболни нарушувања.Дополнително, во голем број општини во државата постои недостаток на доктори специјалисти – дијабетолози, поради што значителен број пациенти се принудени да патуваат во други градови и регионални центри за да добијат здравствена услуга. Ова претставува дополнителен финансиски, организациски и психолошки товар за лицата со дијабетес и нивните семејства.
Потсетуваме дека Националната програма за дијабетес 2018–2028 како стратешки цели ги утврдува:
- поквалитетна и поефикасна превенција, рана детекција и подобрување на квалитетот на грижата и животот на пациентите со дијабетес мелитус преку подобра контрола на болеста и превенција на компликациите;
- редовно следење и контрола на резултатите од спроведените активности, како и подготовка на соодветни анализи и извештаи.
Овие цели се од исклучително значење за лицата со дијабетес, бидејќи директно ги адресираат приоритетите што здравствениот систем ги утврдил како обврска — превенција, рана детекција, редовно следење и контрола на резултатите, што е возможно единствено преку навремени и достапни специјалистички прегледи за секој пациент, согласно медицинските протоколи.
Веруваме дека преку заедничка координација, институционална посветеност и партнерски пристап може да се изнајдат одржливи решенија кои ќе овозможат подобар, поконтинуиран и подостапен пристап до здравствена грижа за повеќе од 140.000 лица кои живеат со дијабетес во Македонија.
Навремените контроли и раната дијагностика овозможуваат:- превенција и намалување на компликациите,
- намален инвалидитет,
- помал број хоспитализации,
- подобар квалитет на живот,
- и спасени човечки животи.
Здравствениот систем мора јасно да покаже дека превенцијата и навремената здравствена грижа претставуваат приоритет и основно право на пациентите, а не привилегија.
Сојузот на здруженија на лица со дијабетес на Македонија останува подготвен активно да учествува во процесот на креирање одржливи решенија, преку партнерски дијалог со институциите, стручната јавност и сите релевантни чинители, со единствена цел — подобрување на квалитетот, достапноста и континуитетот на здравствената грижа за лицата со дијабетес













Се соочуваме со предизвици, имаме чесни и вистински сојузници - пријатели од регионот, Европа и светот. Секако, мора да бидеме посветени и зрели, и сериозно да се справиме со Дијабетесот, преку создавање на КУЛТУРА ЗА ДИЈАБЕТЕС во Македонија според потребите и приоритетите на Лицата со ДИЈАБЕТЕС, на вистинскиот „горчлив – сладок“ живот.
Нашата интеграција во оваа значајна, светска организација, кој е најмоќниот глас на лицата со ДИЈАБЕТЕС, е со особено значење како пациенти и семејства соочени со ПАНДЕМИЈАТА НА СЕГАШНОТО ВРЕМЕ, кое според прогнозите на медицинската наука - базирана на докази, прогресира многу бргу, а со новите истражувања и предвидувања бројките на светско и локални ниво се огромни. Се очекува дека во светот и Македонија во следната декада, 13% од возрасното население (19 - 79 години) ќе биде со дијагноза ДИЈАБЕТЕС!
Затоа, како национална мрежа на здруженијата на лица со дијабетес и на секој пациент, кој доброволно се приклучува и поддржува мисија и визија и стратешките цели, сме ориентирани да бидеме редовни, активни и квалитативно присутни чинители со справувањето со ДИЈАБЕТЕСОТ, пред се превенција од пораст на Дијабете Мелитус ТИП 2 и секако спречување на компликации од Дијабетес. Особено сме посветни на целта - 100% од лицата со Тип 1 да бидат со можност за квалитетно менаџирање на Дијабетесот со „затворени системи“ што значи секое лице со ДМ Тип 1 да има - Иновативна современа Инсулинска терпаија, CGM system и Инсулинска пумпа, да има реално нормален живот, без ризици за дополнително компликации.
Осигурувајќи се дека луѓето со дијабетес и нивните семејства добиваат можност да играат улога во грижата за дијабетесот, превенцијата и истражувањето е од клучно значење за враќање на сегашниот товар на дијабетес и неговите компликации.
Понатаму, тие мора да бидат вклучени во развојот на политики и стратегии релевантни за нивната грижа и во определувањето како се испорачуваат услугите.
Луѓето со дијабетес не се виновни за нивната состојба и не треба да бидат дискриминирани на училиште или на работа. Луѓето со дијабетес треба да ја уживаат истата социјална заштита и здравје на осигурително покритие овозможено за сите граѓани.
ИДФ ќе го промовира правото на пристап до најдобрата достапна нега за дијабетес за сите луѓе кои живеат со дијабетес, вклучувајќи ги и ранливите групи со дијабетес, како што се децата, постарите лица, луѓето со инвалидитет, домородните луѓе и етничките малцинства, без разлика на полот.
ИДФ ќе продолжи со својата работа да го поддржи создавањето на силни организации за дијабетес за да изгради, обучува и мобилизира мрежи на луѓе кои живеат со дијабетес. Ќе продолжиме да ги идентификуваме и да ги поддржуваат шампионите за промени и водачите на заедницата кои можат силно да зборуваат за поддршка на прашања идентификувани од нашата заедница како важни за нашата заедница.
ВИЗИЈА: Подобрете го животот на луѓето кои живеат со дијабетес и промовирајте акција за спречување на дијабетес.