Tag - Дијабетес

Офталмолошко предавање на тема: Дијабетес и очни болести, современи пристапи во дијагноза и третман

Неделава беше успешно реализирано офталмолошко предавање од проф. д-р Биљана Ивановска Аџиевска, специјалист офталмолог од Деница - Специјална очна болница на тема: „Дијабетес и очни болести, современи пристапи во дијагноза и третман“. Ова предавање беше организирано од СЗДСМ и Здружението ЗД Мост-Скопје. Клучните теми на предавањето беа следниве: · Симптоми и дијагностика на дијабетска ретинопатија – како високите нивоа на шеќер во крвта влијаат на крвните садови во ретината, предизвикувајќи оштетувања кои може да доведат до губење на видот. · Макуларен едем – оток на макулата кој може да предизвика заматен вид и други визуелни нарушувања. · Современи третмани: - Анти-VEGF инјекции – медикаменти кои се инјектираат во окото за да се намали отокот и да се спречи растот на абнормални крвни садови. - Ласерска фотокоагулација – процедура која користи ласер за да се заштитат протечените крвни садови и да се спречи понатамошно оштетување на ретината. - Витректомија – хируршка интервенција за отстранување на стаклестото тело на окото, која се применува во напредни случаи на дијабетска ретинопатија. По предавањето, учесниците имаа можност да поставуваат прашања, на кои д-р Ивановска Аџиевска одговараше, споделувајќи практични совети и информации. На крајот на настанот, беше спроведено мерење на очниот притисок за заинтересираните присутни, со цел рано откривање на можни офталмолошки проблеми.
Read more...

Трчаме за Рацин 2025 – Создаваме дијабетес култура

Со особена чест најавуваме дека годинашното издание на традиционалната трка „Трчаме за Рацин“ што ќе се одржи во Велес на 08.06.2025 година, ќе биде посветено на поддршка на лицата со дијабетес во Република Северна Македонија.
Овој настан има за цел да ја подигне свеста за предизвиците со кои се соочуваат лицата со дијабетес, но и да ја истакне нивната сила, издржливост и посветеност кон активен и здрав начин на живот.
По три претходни успешни изданија, оваа година од организацијата најавуваат одлична трка и супер забава преку кои на свој автентичен начин ќе се чествува ликот и делото на Рацин. Исто како и на претходните изданија, и оваа година е предвидена детска трка, како увертира на главниот настан и трките на 5 и 10 километри. 
Ги повикуваме сите заинтересирани – спортисти, рекреативци, семејства, пријатели и поддржувачи – да ни се придружат и да бидат дел од оваа важна иницијатива. За повеќе информации или учество, ве молиме контактирајте не на 078/395-246 или испратете порака.
„Трчаме за Рацин“ е организирана според правилата за улично и маратонско трчање на IAAF и АФМ. Во склоп на настанот предвидени се три трки: 
  • Трка на 10км со почеток од 19:00ч,
  • Трка на 5км  со почеток од 19:00ч,
  • Детска трка – 100-400м со почеток од 17ч.
Пријавувањето е заклучно со 25.05.2025.
Заедно трчаме со цел. Заедно трчаме за поддршка. Трчаме за Рацин – трчаме за оние што се борат секој ден!
Read more...

СЗДСМ зема учество на панел дискусијата: Превентивни прегледи – клуч на рано откривање и спречување на хронични болести

Сојузот на здруженија на лица со дијабетес на Македонија имаше чест да го одбележи значајниот јубилеј на своите партнери – 15 години постоење на приватната здравствена установа D.med Medical, институција која веќе една и пол деценија е посветена на унапредување на здравјето во нашата заедница. По повод овој јубилеј, беше организирана панел-дискусија на тема: „Превентивни прегледи – клуч на рано откривање и спречување на хронични болести“, каде во фокусот беше ставена превенцијата како основа за долгорочна и квалитетна здравствена заштита. Меѓу говорниците на панелот се обрати и претседателот на Сојузот на здруженија на лица со дијабетес на Македонија, Димче Велев. Панелот отвори важни прашања и истакна дека навремените прегледи можат да спасат животи, а соработката меѓу институциите и здруженијата е клучна за навремено откривање и справување со болести како што е дијабетесот. Со оваа активност, уште еднаш се потврди мисијата на D.med Medical – да биде двигател на промените во здравството преку рано откривање, квалитетна грижа и активна превенција, особено во полето на дијабетесот и неговите компликации. Сојузот изразува благодарност за беспрекорната посветеност и доверба која трае веќе 15 години. Нека оваа јубилејна година биде само почеток на нови успеси и уште поголема посветеност кон здравјето на нашите членови. ➡️ Во следните неколку дена ќе следи и јавна објава со активности и услуги кои оваа установа ќе ги обезбеди специјално за членовите на Сојузот – со уште поголем фокус на превенција, поддршка и пристапна грижа.  
Read more...

Важен ден за лицата со ДИЈАБЕТЕС во Македонија – Сега сме горди членки на Интернационалната дијабетес федерацја

На 27. Генерално собрание на International Diabetes Federation официјално, ПАЦИЕНТИ од Македонија станаа полноправна, рамноправна членка на СВЕТСКОТО СИНО СЕМЕЈСТВО - 250 организации со 160 држави, за 7 региони во светот. Генералното Собрание на International Diabetes Federation со освоени 96,30% гласови од вкупниот број на 199 присутни учесници донесе ОДЛУКА за ПОЛНОПРАВНО ЧЛЕНСТВО НА СОЈУЗОТ НА ЗДРУЖЕНИЈА НА ЛИЦА СО ДИЈАБЕТЕС НА МАКЕДОНИЈА. Се соочуваме со предизвици, имаме чесни и вистински сојузници - пријатели од регионот, Европа и светот. Секако, мора да бидеме посветени и зрели, и сериозно да се справиме со Дијабетесот, преку создавање на КУЛТУРА ЗА ДИЈАБЕТЕС во Македонија според потребите и приоритетите на Лицата со ДИЈАБЕТЕС, на вистинскиот „горчлив – сладок“ живот. Нашата интеграција во оваа значајна, светска организација, кој е најмоќниот глас на лицата со ДИЈАБЕТЕС, е со особено значење како пациенти и семејства соочени со ПАНДЕМИЈАТА НА СЕГАШНОТО ВРЕМЕ, кое според прогнозите на медицинската наука - базирана на докази, прогресира многу бргу, а со новите истражувања и предвидувања бројките на светско и локални ниво се огромни. Се очекува дека во светот и Македонија во следната декада, 13% од возрасното население (19 - 79 години) ќе биде со дијагноза ДИЈАБЕТЕС! Затоа, како национална мрежа на здруженијата на лица со дијабетес и на секој пациент, кој доброволно се приклучува и поддржува мисија и визија и стратешките цели, сме ориентирани да бидеме редовни, активни и квалитативно присутни чинители со справувањето со ДИЈАБЕТЕСОТ, пред се превенција од пораст на Дијабете Мелитус ТИП 2 и секако спречување на компликации од Дијабетес. Особено сме посветни на целта - 100% од лицата со Тип 1 да бидат со можност за квалитетно менаџирање на Дијабетесот со „затворени системи“ што значи секое лице со ДМ Тип 1 да има - Иновативна современа Инсулинска терпаија, CGM system и Инсулинска пумпа, да има реално нормален живот, без ризици за дополнително компликации. Осигурувајќи се дека луѓето со дијабетес и нивните семејства добиваат можност да играат улога во грижата за дијабетесот, превенцијата и истражувањето е од клучно значење за враќање на сегашниот товар на дијабетес и неговите компликации. Понатаму, тие мора да бидат вклучени во развојот на политики и стратегии релевантни за нивната грижа и во определувањето како се испорачуваат услугите. Луѓето со дијабетес не се виновни за нивната состојба и не треба да бидат дискриминирани на училиште или на работа. Луѓето со дијабетес треба да ја уживаат истата социјална заштита и здравје на осигурително покритие овозможено за сите граѓани. ИДФ ќе го промовира правото на пристап до најдобрата достапна нега за дијабетес за сите луѓе кои живеат со дијабетес, вклучувајќи ги и ранливите групи со дијабетес, како што се децата, постарите лица, луѓето со инвалидитет, домородните луѓе и етничките малцинства, без разлика на полот. ИДФ ќе продолжи со својата работа да го поддржи создавањето на силни организации за дијабетес за да изгради, обучува и мобилизира мрежи на луѓе кои живеат со дијабетес. Ќе продолжиме да ги идентификуваме и да ги поддржуваат шампионите за промени и водачите на заедницата кои можат силно да зборуваат за поддршка на прашања идентификувани од нашата заедница како важни за нашата заедница. ВИЗИЈА: Подобрете го животот на луѓето кои живеат со дијабетес и промовирајте акција за спречување на дијабетес.
  • Пристап до прифатлива, квалитетна нега и образование за дијабетес ширум светот!
Глобални цели за покривање на дијабетесот до 2030 година:
  • 80% од луѓето кои живеат со дијабетес се дијагностицирани
  • 80% од луѓето со дијагностициран дијабетес имаат добра контрола на гликемијата
  • 80% од луѓето со дијагностициран дијабетес имаат добра контрола на крвниот притисок
  • 60% од луѓето со дијабетес над 40 години добиваат статини
  • 100% од луѓето кои живеат со дијабетес тип 1 имаат пристап до прифатлив инсулин третман и само-следење
Им благодариме на сите за поддршката, им благодариме на Меѓународната федерација за дијабетес Европа за целосната и безрезервна поддршка.
Read more...