Monthly Archives - мај 2025

Health & Fitness Forum 2025: Физичка активност и дијабетес – Потребни се дијабетес пријателски фитнес средини!?

Во рамките на Health & Fitness Forum 2025, што се одржа во Скопје, Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија зеде активно учество преку својот административен директор - Мартин Николов, кој учествуваше во панел-дискусија посветена на улогата на физичката активност кај лицата со дијабетес.

Во своето излагање, Николов ги истакна четирите клучни области што секој тренер и фитнес-инструктор треба да ги познава кога работи со лице со Дијабетес, особено со лице со Тип 1 дијабетес:

1. Континуирано следење на гликемијата

Лицата со T1D најчесто користат CGM-сензори или глукометри. Тренерите треба да знаат како да препознаат аларми за хипо или хипергликемија. Мерењата пред тренингот, секако се задолжителни. Во некои случаи, може да биде потребна кратка пауза за внес на јаглехидрати или корекција со инсулин.

2. Инсулинска терапија и распоред

Инсулинската доза може да се прилагоди во зависност од типот и интензитетот на тренингот. Затоа е важно тренерот да биде информиран за распоредот на терапијата и да комуницира отворено со клиентот.

3. Исхрана и ризик од хипогликемија

Во зависност од активноста, може да биде потребна брза закуска пред, за време или по вежбањето. Секој тренер треба да има при рака гел, шеќерен сок или глукозни таблети за итни ситуации.

4. Препознавање и итни мерки

Симптомите на хипогликемија (треска, замор, потење) и хипергликемија (сува уста, заматен вид) мора да бидат препознаени на време. Брза интервенција е клучна.

Во продолжение на разговорот, се отвори и прашањето: Како локалните фитнес-центри можат да помогнат?
Одговорот беше едноставен – преку партнерство, едукација и вклученост:

  • Организирање на "дијабетес-пријателски часови" со обучени тренери.
  • Едукација на фитнес-персоналот преку кратки обуки за основите на дијабетесот.
  • Отворени денови за заедницата со здравствени активности и совети.
  • Заеднички мотивирачки кампањи со награди и попусти за членовите на Сојузот.

Ова се мали, но значајни чекори кон создавање на општество каде физичката активност е достапна, безбедна и поддржувачка за лицата со дијабетес.

Read more...

Трчаме за Рацин 2025 – Создаваме дијабетес култура

Со особена чест најавуваме дека годинашното издание на традиционалната трка „Трчаме за Рацин“ што ќе се одржи во Велес на 08.06.2025 година, ќе биде посветено на поддршка на лицата со дијабетес во Република Северна Македонија.
Овој настан има за цел да ја подигне свеста за предизвиците со кои се соочуваат лицата со дијабетес, но и да ја истакне нивната сила, издржливост и посветеност кон активен и здрав начин на живот.
По три претходни успешни изданија, оваа година од организацијата најавуваат одлична трка и супер забава преку кои на свој автентичен начин ќе се чествува ликот и делото на Рацин. Исто како и на претходните изданија, и оваа година е предвидена детска трка, како увертира на главниот настан и трките на 5 и 10 километри. 
Ги повикуваме сите заинтересирани – спортисти, рекреативци, семејства, пријатели и поддржувачи – да ни се придружат и да бидат дел од оваа важна иницијатива. За повеќе информации или учество, ве молиме контактирајте не на 078/395-246 или испратете порака.
„Трчаме за Рацин“ е организирана според правилата за улично и маратонско трчање на IAAF и АФМ. Во склоп на настанот предвидени се три трки: 
  • Трка на 10км со почеток од 19:00ч,
  • Трка на 5км  со почеток од 19:00ч,
  • Детска трка – 100-400м со почеток од 17ч.
Пријавувањето е заклучно со 25.05.2025.
Заедно трчаме со цел. Заедно трчаме за поддршка. Трчаме за Рацин – трчаме за оние што се борат секој ден!
Read more...

Едукативен настан: Корисноста од Системите за континуирано мерење гликемија – сензори

На 7 мај во Куманово се одржа едукативен настан во организација на Здружение на дијабетичари – Куманово и Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, посветен на подигање на свеста и едукација за животот со дијабетес, особено за лицата со Тип 1 и дел од оние со Тип 2 дијабетес. Настанот беше фокусиран на системите за континуирано мерење на гликемија (CGM) – сензори, како и инсулинските пумпи и нивното влијание врз квалитетот на животот. Присутните имаа можност да слушнат предавање за најновите практики во менаџирање и третман на дијабетесот, поддржано од компанијата Би-МЕК Медицинска опрема. Дополнително, во еден отворен и топол разговор, повеќе присутни споделија лични искуства за животот со и без користење на сензори и пумпи, што придонесе за размена на корисни информации и зајакнување на заедницата. Како дел од настанот, на дел од присутните им беа донирани CGM уреди CIBIONICS, за што упатуваме голема благодарност до Би-МЕК за нивната несебична поддршка и ангажман во унапредување на третманот за лицата со дијабетес во Македонија. Со вакви активности, Сојузот продолжува да гради дијабетес култура базирана на едукација, поддршка и заедништво.
Read more...

Барањa за зголемување на бројот на корисници и задржување на минимум ниво на квалитет на достапни  ИНСУЛИНСКИ ПУМПИ, при јавната набавка за 2025 и 2026 година

Почитувани, во прилог Ви доставуваме Барање за зголемување на бројот на корисници и набавка на Инсулински пумпи со сензор  за целосно менаџирање на Дијабетес  кај лицата со ДМ Тип 1 во Северна Македонија.

Сојузот на здруженија со лица со дијабетес во Северна Македонија (СЗДСМ) бараме од Владата, Министерството за здравство и Национална комисија за дијабетес, за одлично  здравје на над 3.500 граѓани кои живеат со тип 1 дијабетес (Т1Д) во РС Македонија, пред престојната јавна набавка на ИНСУЛИНСКИ ПУМПИ, да ги осигурате  минуми критерумите за квалитет, а со тоа и дека секое лице со T1Д ќе има пристап до новите технологии кои превенираат нарушување на зравјето и  спасуваат животи.

Барањa за зголемување на бројот на корисници и задржување на минимум ниво на квалитет на достапни  ИНСУЛИНСКИ ПУМПИ, во Северна Македонија, при јавната набавка за 2025 и 2026 година

Вашата посветеност и определба со зрелост и одговорност кон секое лице за дијабетес, кон набавката и достапноста на современи и квалитетни системи на инсулински пумпи  за поголем број лица со дијабетес со тип 1, пред се мора да стане реалност, а не само бледи забелешки на хартија и дискусии во недоглед, затоа што најквалитетното современо менаџирање со дијабетесот во значително намалување на ризиците и хоспитализациите поврзани со дијабетес туку ќе им овозможи на сите корисници, пред се директен пристап до детални информации. Освен тоа, воведувањето на овие технологии има потенцијал да генерира значителни долгорочни финансиски заштеди за здравствениот систем. Квалитетното менаџирање на дијабетесот секогаш резултира во целосна редукција на хоспитализации, намалено траење на престој во болница, и потребата за дополнителни медицински интервенции. Дополнително, ова ќе допринесе кон растеретување на здравствениот систем и редуцирање на бројот на дневни посети на лекари од сите нивоа. Овие придобивки ќе создадат подобри услови за грижа и значителни подобрувања во квалитетот на живот на лицата со дијабетес.

БАРАЊЕ
Read more...