Uncategorized

Диамед

Потпишан договор за соработка меѓу СЗДСМ и Специјалната болница за нефрологија со дијализа Diamed

Со големо задоволство све информираме дека во пресрет на 13-ти Март - СВЕСТСКИОТ ДЕН НА БУБРЕГОТ, Сојузот на здруженија на дијабетичари - СЗДСМ, потпиша ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА со Специјална болница за нефрологија со дијализа Diamed Скопје.
Генералната цел, на овој договор е да се воспостави и унапредува соработката помеѓу наведените субјекти во насока на подобрување на квалитетот на живот на лицата со дијабетес, за едукација и превенција и современ третман на кардио – васкуларни и нефропатски компликации, преку координирано спроведување на заеднички активности.
Посебни цели на договорот се:
  • Едукацијата и информирањето за потребата од превенција и спречување за кардио – васкуларните и нефропатските компликации е топ приоритет за Лицата со дијабетес (ЛсД)
  • Намалувањето на дебелината/обезноста, крвниот притисок и високото ниво на шеќер кај ЛсД се најважните фактори за превенција на компликации
  • Потребно е да се користи иновативна терапија, медицински помагала и опрема која постои и да биде на располагање на ЛсД
  • Потребна е координација помеѓу здравствените институции кога станува збор за ДМ и превенција на компликациите
  • Следење на параметрите на ЛсД во примарното здравство, и раното реагирање може да превенира компликации кај ЛсД.
  • Самите ЛсД треба да бараат проверка на урината (уринарен седимент) и крвни анализи најмалку еднаш годишно за да се направи проверка за состојбата и функцијата на бубрезите
  • Потребно е да се едуцираат ЛсД и медицинскиот кадар во примарно здравство за тоа кои лекарства и здравствени состојби можат да влијаат негативно на работата и функцијата на кардио – васкуларните и нефропатски органи.
  • Има потреба од спроведување истражувања и студии на ЛсД и лицата на дијализа за да се увидат најновите трендови и ефикасни налини за превенција.
Клучни активности:
  • Превенција на кардио – васкуларни, нефропатски и невропатски компликации од дијабетес – учество на доктори вработени во ПЗУ Специјална болница ДИАМЕД Скопје во кампањи за поддигнување на свесноста на населението за дијабетесот и факторите кои предизвикуваат компликации организирани од Сојуз на здруженија на дијабетичари.
  • Имплементација на координирани скриниг програми за рано откривање на ХББ, особено во руралните средини,
  • Акции за навремено воведување на иновативна терапија и унапредување на нивото на знаењата кај ново дијагностицираните и останатите лица со компликации по пат на зајакнување на едукативните центри за правилен пристап во самоменаџирањето на дијабетсот.
Read more...

ЕДНОСТАВЕН ТЕСТ КОЈ ЌЕ ВИ ПОКАЖЕ ДАЛИ СТЕ ИЗЛОЖЕНИ НА РИЗИК ОД ДИЈАБЕТЕС.

Треба да одговорите на неколку прашања, нема да ви одземе многу време. Откријте дали сте изложени на ризик и направете го првиот чекор да воспоставете контролата.
Ако имате предијабетес, нивото на шеќер во крвта е над нормалното ниво и е поголема веројатноста да развиете дијабетес во иднина. Постојат фактори кои можат да укажат на зголемен ризик од предијабетес, иако не се сомневате во неговото постоење.
Информацијата дека имате предијабетес, ви дава можност да го контролирате шеќерот во крвта, пред состојбата да се развие во дијабетес.
Направете го тестот и дознајте дали сте изложени на ризик.
 

https://varus.mk/proizvodi/farmacija/opsta-medicina/dijabetes/test-za-dijabetes/?fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTEAAR0LkX2969kPV697b6fLgB81ucZMr4JTB2A7_6lu-YDVqmVEszoY3pU-JNY_aem_cZPv1Fr83sec5Y7FsXi5tw

Read more...

“Едукатовно и информативна работилници со граѓанаски здруженија за хронични болести на тема

"Едукатовно и информативна работилници со граѓанаски здруженија за хронични болести на тема
Важноста од значење за вакцинација против грип"
во Скопје со Проф. Д-р Марија Цветановска од Клиника за инфективни болести Скопје и
Проф. Д-р Катерина Ставриќ од Медицински факултет Скопје.
🗣️ Вакцинацијата против грип е препорачана за лицата со хронични болести и лицата со ДИЈАБЕТЕС кои се најризични групи на пациенти.

Read more...

Анкета за потребите на СЗДМ

Анкета за потребите на СЗДМ.
"ДИЈАБЕТЕСОТ ПРИ СРЦЕ" е новo истражување, и се фокусира на свесноста и знаењето за кај луѓето со тип 2 дијабетес.
💙Кардиоваскуларните болести (КВБ)💙
Целта на ова истражување е да се овозможи подобар пристап и разбирање во однос на тоа како размислуваат луѓето со тип 2 дијабетес.
Доколку Вие живеете со тип 2 дијабетес, ве охрабруваме да одвоите дел од вашето време и да ја пополните анкетата подолу.
Податоците кои ќе ги добиеме ќе ни помогнат во начинот на комуницирање и пренесувањето на информации за третман и справување со тип 2 дијабетес, што пак може да овозможи подобар живот кај луѓето со тип 2 дијабетес.
Ви благодариме што одвојувате време за да ја пополните оваа анкета.
Истата би траела 5-10 минути, од Вашето ценето време.
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSd9pM3VTkXNqeF_JMqrHeuo8x4S_ylFEBUuvppP2O37xUNDRA/viewform?fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTEAAR0cjt_JD-Dn3Y4o47oIqkFBhqPOro77A6iPFk2DtS5OjMmUvbJpkSIhvTI_aem_lk1OmsQbbaYFHMmqvRRRdA&pli=1
Read more...

Tркалезна маса

“Фокус на дијабетичната ретинопатија и дијабетичен макуларен едем кај пациентите со дијабетес”

организирана од Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија

ќе бидат прикажани резултати од испитување кое го спроведовме а се однесува на дијабетот и компликациите кои го следат. Истражувањето беше спроведено со цел подобро разбирање на компликациите предизвикани од него и да изградиме став како подобро да се соочиме со нив.

Ова е одлична прилика за сите нас заеднички да поразговараме, да го слушнеме експертски мислења особено во насока на дефинирање на приоритетите во правец на разбирање на потребата за откривање, следење и лекување на дијабетичната ретинопатија со дијабетичен макуларен едем, како компликација на дијабетесот со која се соочува матичниот лекар, ендокринологот и офталмологот во нашиот здравствен систем.

Read more...