Health & Fitness Forum 2025: Физичка активност и дијабетес – Потребни се дијабетес пријателски фитнес средини!?
Во рамките на Health & Fitness Forum 2025, што се одржа во Скопје, Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија зеде активно учество преку својот административен директор - Мартин Николов, кој учествуваше во панел-дискусија посветена на улогата на физичката активност кај лицата со дијабетес.
Во своето излагање, Николов ги истакна четирите клучни области што секој тренер и фитнес-инструктор треба да ги познава кога работи со лице со Дијабетес, особено со лице со Тип 1 дијабетес:
1. Континуирано следење на гликемијата
Лицата со T1D најчесто користат CGM-сензори или глукометри. Тренерите треба да знаат како да препознаат аларми за хипо или хипергликемија. Мерењата пред тренингот, секако се задолжителни. Во некои случаи, може да биде потребна кратка пауза за внес на јаглехидрати или корекција со инсулин.
2. Инсулинска терапија и распоред
Инсулинската доза може да се прилагоди во зависност од типот и интензитетот на тренингот. Затоа е важно тренерот да биде информиран за распоредот на терапијата и да комуницира отворено со клиентот.
3. Исхрана и ризик од хипогликемија
Во зависност од активноста, може да биде потребна брза закуска пред, за време или по вежбањето. Секој тренер треба да има при рака гел, шеќерен сок или глукозни таблети за итни ситуации.
4. Препознавање и итни мерки
Симптомите на хипогликемија (треска, замор, потење) и хипергликемија (сува уста, заматен вид) мора да бидат препознаени на време. Брза интервенција е клучна.
Во продолжение на разговорот, се отвори и прашањето: Како локалните фитнес-центри можат да помогнат?
Одговорот беше едноставен – преку партнерство, едукација и вклученост:
- Организирање на "дијабетес-пријателски часови" со обучени тренери.
- Едукација на фитнес-персоналот преку кратки обуки за основите на дијабетесот.
- Отворени денови за заедницата со здравствени активности и совети.
- Заеднички мотивирачки кампањи со награди и попусти за членовите на Сојузот.
Ова се мали, но значајни чекори кон создавање на општество каде физичката активност е достапна, безбедна и поддржувачка за лицата со дијабетес.
Трчаме за Рацин 2025 – Создаваме дијабетес култура
- Трка на 10км со почеток од 19:00ч,
- Трка на 5км со почеток од 19:00ч,
- Детска трка – 100-400м со почеток од 17ч.
Едукативен настан: Корисноста од Системите за континуирано мерење гликемија – сензори
Барањa за зголемување на бројот на корисници и задржување на минимум ниво на квалитет на достапни ИНСУЛИНСКИ ПУМПИ, при јавната набавка за 2025 и 2026 година
Почитувани, во прилог Ви доставуваме Барање за зголемување на бројот на корисници и набавка на Инсулински пумпи со сензор за целосно менаџирање на Дијабетес кај лицата со ДМ Тип 1 во Северна Македонија.
Сојузот на здруженија со лица со дијабетес во Северна Македонија (СЗДСМ) бараме од Владата, Министерството за здравство и Национална комисија за дијабетес, за одлично здравје на над 3.500 граѓани кои живеат со тип 1 дијабетес (Т1Д) во РС Македонија, пред престојната јавна набавка на ИНСУЛИНСКИ ПУМПИ, да ги осигурате минуми критерумите за квалитет, а со тоа и дека секое лице со T1Д ќе има пристап до новите технологии кои превенираат нарушување на зравјето и спасуваат животи.
Барањa за зголемување на бројот на корисници и задржување на минимум ниво на квалитет на достапни ИНСУЛИНСКИ ПУМПИ, во Северна Македонија, при јавната набавка за 2025 и 2026 година
Вашата посветеност и определба со зрелост и одговорност кон секое лице за дијабетес, кон набавката и достапноста на современи и квалитетни системи на инсулински пумпи за поголем број лица со дијабетес со тип 1, пред се мора да стане реалност, а не само бледи забелешки на хартија и дискусии во недоглед, затоа што најквалитетното современо менаџирање со дијабетесот во значително намалување на ризиците и хоспитализациите поврзани со дијабетес туку ќе им овозможи на сите корисници, пред се директен пристап до детални информации. Освен тоа, воведувањето на овие технологии има потенцијал да генерира значителни долгорочни финансиски заштеди за здравствениот систем. Квалитетното менаџирање на дијабетесот секогаш резултира во целосна редукција на хоспитализации, намалено траење на престој во болница, и потребата за дополнителни медицински интервенции. Дополнително, ова ќе допринесе кон растеретување на здравствениот систем и редуцирање на бројот на дневни посети на лекари од сите нивоа. Овие придобивки ќе создадат подобри услови за грижа и значителни подобрувања во квалитетот на живот на лицата со дијабетес.
БАРАЊЕСЗДСМ зема учество на панел дискусијата: Превентивни прегледи – клуч на рано откривање и спречување на хронични болести


Важен ден за лицата со ДИЈАБЕТЕС во Македонија – Сега сме горди членки на Интернационалната дијабетес федерацја


- Пристап до прифатлива, квалитетна нега и образование за дијабетес ширум светот!
- 80% од луѓето кои живеат со дијабетес се дијагностицирани
- 80% од луѓето со дијагностициран дијабетес имаат добра контрола на гликемијата
- 80% од луѓето со дијагностициран дијабетес имаат добра контрола на крвниот притисок
- 60% од луѓето со дијабетес над 40 години добиваат статини
- 100% од луѓето кои живеат со дијабетес тип 1 имаат пристап до прифатлив инсулин третман и само-следење
Потпишан договор за соработка меѓу СЗДСМ и Специјалната болница за нефрологија со дијализа Diamed
- Едукацијата и информирањето за потребата од превенција и спречување за кардио – васкуларните и нефропатските компликации е топ приоритет за Лицата со дијабетес (ЛсД)
- Намалувањето на дебелината/обезноста, крвниот притисок и високото ниво на шеќер кај ЛсД се најважните фактори за превенција на компликации
- Потребно е да се користи иновативна терапија, медицински помагала и опрема која постои и да биде на располагање на ЛсД
- Потребна е координација помеѓу здравствените институции кога станува збор за ДМ и превенција на компликациите
- Следење на параметрите на ЛсД во примарното здравство, и раното реагирање може да превенира компликации кај ЛсД.
- Самите ЛсД треба да бараат проверка на урината (уринарен седимент) и крвни анализи најмалку еднаш годишно за да се направи проверка за состојбата и функцијата на бубрезите
- Потребно е да се едуцираат ЛсД и медицинскиот кадар во примарно здравство за тоа кои лекарства и здравствени состојби можат да влијаат негативно на работата и функцијата на кардио – васкуларните и нефропатски органи.
- Има потреба од спроведување истражувања и студии на ЛсД и лицата на дијализа за да се увидат најновите трендови и ефикасни налини за превенција.
- Превенција на кардио – васкуларни, нефропатски и невропатски компликации од дијабетес – учество на доктори вработени во ПЗУ Специјална болница ДИАМЕД Скопје во кампањи за поддигнување на свесноста на населението за дијабетесот и факторите кои предизвикуваат компликации организирани од Сојуз на здруженија на дијабетичари.
- Имплементација на координирани скриниг програми за рано откривање на ХББ, особено во руралните средини,
- Акции за навремено воведување на иновативна терапија и унапредување на нивото на знаењата кај ново дијагностицираните и останатите лица со компликации по пат на зајакнување на едукативните центри за правилен пристап во самоменаџирањето на дијабетсот.
ЕДНОСТАВЕН ТЕСТ КОЈ ЌЕ ВИ ПОКАЖЕ ДАЛИ СТЕ ИЗЛОЖЕНИ НА РИЗИК ОД ДИЈАБЕТЕС.
https://varus.mk/proizvodi/farmacija/opsta-medicina/dijabetes/test-za-dijabetes/?fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTEAAR0LkX2969kPV697b6fLgB81ucZMr4JTB2A7_6lu-YDVqmVEszoY3pU-JNY_aem_cZPv1Fr83sec5Y7FsXi5tw
“Едукатовно и информативна работилници со граѓанаски здруженија за хронични болести на тема
