Author - mar_nikolov@outlook.com

Офталмолошко предавање на тема: Дијабетес и очни болести, современи пристапи во дијагноза и третман

Неделава беше успешно реализирано офталмолошко предавање од проф. д-р Биљана Ивановска Аџиевска, специјалист офталмолог од Деница - Специјална очна болница на тема: „Дијабетес и очни болести, современи пристапи во дијагноза и третман“. Ова предавање беше организирано од СЗДСМ и Здружението ЗД Мост-Скопје. Клучните теми на предавањето беа следниве: · Симптоми и дијагностика на дијабетска ретинопатија – како високите нивоа на шеќер во крвта влијаат на крвните садови во ретината, предизвикувајќи оштетувања кои може да доведат до губење на видот. · Макуларен едем – оток на макулата кој може да предизвика заматен вид и други визуелни нарушувања. · Современи третмани: - Анти-VEGF инјекции – медикаменти кои се инјектираат во окото за да се намали отокот и да се спречи растот на абнормални крвни садови. - Ласерска фотокоагулација – процедура која користи ласер за да се заштитат протечените крвни садови и да се спречи понатамошно оштетување на ретината. - Витректомија – хируршка интервенција за отстранување на стаклестото тело на окото, која се применува во напредни случаи на дијабетска ретинопатија. По предавањето, учесниците имаа можност да поставуваат прашања, на кои д-р Ивановска Аџиевска одговараше, споделувајќи практични совети и информации. На крајот на настанот, беше спроведено мерење на очниот притисок за заинтересираните присутни, со цел рано откривање на можни офталмолошки проблеми.
Read more...

Health & Fitness Forum 2025: Физичка активност и дијабетес – Потребни се дијабетес пријателски фитнес средини!?

Во рамките на Health & Fitness Forum 2025, што се одржа во Скопје, Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија зеде активно учество преку својот административен директор - Мартин Николов, кој учествуваше во панел-дискусија посветена на улогата на физичката активност кај лицата со дијабетес.

Во своето излагање, Николов ги истакна четирите клучни области што секој тренер и фитнес-инструктор треба да ги познава кога работи со лице со Дијабетес, особено со лице со Тип 1 дијабетес:

1. Континуирано следење на гликемијата

Лицата со T1D најчесто користат CGM-сензори или глукометри. Тренерите треба да знаат како да препознаат аларми за хипо или хипергликемија. Мерењата пред тренингот, секако се задолжителни. Во некои случаи, може да биде потребна кратка пауза за внес на јаглехидрати или корекција со инсулин.

2. Инсулинска терапија и распоред

Инсулинската доза може да се прилагоди во зависност од типот и интензитетот на тренингот. Затоа е важно тренерот да биде информиран за распоредот на терапијата и да комуницира отворено со клиентот.

3. Исхрана и ризик од хипогликемија

Во зависност од активноста, може да биде потребна брза закуска пред, за време или по вежбањето. Секој тренер треба да има при рака гел, шеќерен сок или глукозни таблети за итни ситуации.

4. Препознавање и итни мерки

Симптомите на хипогликемија (треска, замор, потење) и хипергликемија (сува уста, заматен вид) мора да бидат препознаени на време. Брза интервенција е клучна.

Во продолжение на разговорот, се отвори и прашањето: Како локалните фитнес-центри можат да помогнат?
Одговорот беше едноставен – преку партнерство, едукација и вклученост:

  • Организирање на "дијабетес-пријателски часови" со обучени тренери.
  • Едукација на фитнес-персоналот преку кратки обуки за основите на дијабетесот.
  • Отворени денови за заедницата со здравствени активности и совети.
  • Заеднички мотивирачки кампањи со награди и попусти за членовите на Сојузот.

Ова се мали, но значајни чекори кон создавање на општество каде физичката активност е достапна, безбедна и поддржувачка за лицата со дијабетес.

Read more...

Трчаме за Рацин 2025 – Создаваме дијабетес култура

Со особена чест најавуваме дека годинашното издание на традиционалната трка „Трчаме за Рацин“ што ќе се одржи во Велес на 08.06.2025 година, ќе биде посветено на поддршка на лицата со дијабетес во Република Северна Македонија.
Овој настан има за цел да ја подигне свеста за предизвиците со кои се соочуваат лицата со дијабетес, но и да ја истакне нивната сила, издржливост и посветеност кон активен и здрав начин на живот.
По три претходни успешни изданија, оваа година од организацијата најавуваат одлична трка и супер забава преку кои на свој автентичен начин ќе се чествува ликот и делото на Рацин. Исто како и на претходните изданија, и оваа година е предвидена детска трка, како увертира на главниот настан и трките на 5 и 10 километри. 
Ги повикуваме сите заинтересирани – спортисти, рекреативци, семејства, пријатели и поддржувачи – да ни се придружат и да бидат дел од оваа важна иницијатива. За повеќе информации или учество, ве молиме контактирајте не на 078/395-246 или испратете порака.
„Трчаме за Рацин“ е организирана според правилата за улично и маратонско трчање на IAAF и АФМ. Во склоп на настанот предвидени се три трки: 
  • Трка на 10км со почеток од 19:00ч,
  • Трка на 5км  со почеток од 19:00ч,
  • Детска трка – 100-400м со почеток од 17ч.
Пријавувањето е заклучно со 25.05.2025.
Заедно трчаме со цел. Заедно трчаме за поддршка. Трчаме за Рацин – трчаме за оние што се борат секој ден!
Read more...

Едукативен настан: Корисноста од Системите за континуирано мерење гликемија – сензори

На 7 мај во Куманово се одржа едукативен настан во организација на Здружение на дијабетичари – Куманово и Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, посветен на подигање на свеста и едукација за животот со дијабетес, особено за лицата со Тип 1 и дел од оние со Тип 2 дијабетес. Настанот беше фокусиран на системите за континуирано мерење на гликемија (CGM) – сензори, како и инсулинските пумпи и нивното влијание врз квалитетот на животот. Присутните имаа можност да слушнат предавање за најновите практики во менаџирање и третман на дијабетесот, поддржано од компанијата Би-МЕК Медицинска опрема. Дополнително, во еден отворен и топол разговор, повеќе присутни споделија лични искуства за животот со и без користење на сензори и пумпи, што придонесе за размена на корисни информации и зајакнување на заедницата. Како дел од настанот, на дел од присутните им беа донирани CGM уреди CIBIONICS, за што упатуваме голема благодарност до Би-МЕК за нивната несебична поддршка и ангажман во унапредување на третманот за лицата со дијабетес во Македонија. Со вакви активности, Сојузот продолжува да гради дијабетес култура базирана на едукација, поддршка и заедништво.
Read more...

Барањa за зголемување на бројот на корисници и задржување на минимум ниво на квалитет на достапни  ИНСУЛИНСКИ ПУМПИ, при јавната набавка за 2025 и 2026 година

Почитувани, во прилог Ви доставуваме Барање за зголемување на бројот на корисници и набавка на Инсулински пумпи со сензор  за целосно менаџирање на Дијабетес  кај лицата со ДМ Тип 1 во Северна Македонија.

Сојузот на здруженија со лица со дијабетес во Северна Македонија (СЗДСМ) бараме од Владата, Министерството за здравство и Национална комисија за дијабетес, за одлично  здравје на над 3.500 граѓани кои живеат со тип 1 дијабетес (Т1Д) во РС Македонија, пред престојната јавна набавка на ИНСУЛИНСКИ ПУМПИ, да ги осигурате  минуми критерумите за квалитет, а со тоа и дека секое лице со T1Д ќе има пристап до новите технологии кои превенираат нарушување на зравјето и  спасуваат животи.

Барањa за зголемување на бројот на корисници и задржување на минимум ниво на квалитет на достапни  ИНСУЛИНСКИ ПУМПИ, во Северна Македонија, при јавната набавка за 2025 и 2026 година

Вашата посветеност и определба со зрелост и одговорност кон секое лице за дијабетес, кон набавката и достапноста на современи и квалитетни системи на инсулински пумпи  за поголем број лица со дијабетес со тип 1, пред се мора да стане реалност, а не само бледи забелешки на хартија и дискусии во недоглед, затоа што најквалитетното современо менаџирање со дијабетесот во значително намалување на ризиците и хоспитализациите поврзани со дијабетес туку ќе им овозможи на сите корисници, пред се директен пристап до детални информации. Освен тоа, воведувањето на овие технологии има потенцијал да генерира значителни долгорочни финансиски заштеди за здравствениот систем. Квалитетното менаџирање на дијабетесот секогаш резултира во целосна редукција на хоспитализации, намалено траење на престој во болница, и потребата за дополнителни медицински интервенции. Дополнително, ова ќе допринесе кон растеретување на здравствениот систем и редуцирање на бројот на дневни посети на лекари од сите нивоа. Овие придобивки ќе создадат подобри услови за грижа и значителни подобрувања во квалитетот на живот на лицата со дијабетес.

БАРАЊЕ
Read more...

СЗДСМ зема учество на панел дискусијата: Превентивни прегледи – клуч на рано откривање и спречување на хронични болести

Сојузот на здруженија на лица со дијабетес на Македонија имаше чест да го одбележи значајниот јубилеј на своите партнери – 15 години постоење на приватната здравствена установа D.med Medical, институција која веќе една и пол деценија е посветена на унапредување на здравјето во нашата заедница. По повод овој јубилеј, беше организирана панел-дискусија на тема: „Превентивни прегледи – клуч на рано откривање и спречување на хронични болести“, каде во фокусот беше ставена превенцијата како основа за долгорочна и квалитетна здравствена заштита. Меѓу говорниците на панелот се обрати и претседателот на Сојузот на здруженија на лица со дијабетес на Македонија, Димче Велев. Панелот отвори важни прашања и истакна дека навремените прегледи можат да спасат животи, а соработката меѓу институциите и здруженијата е клучна за навремено откривање и справување со болести како што е дијабетесот. Со оваа активност, уште еднаш се потврди мисијата на D.med Medical – да биде двигател на промените во здравството преку рано откривање, квалитетна грижа и активна превенција, особено во полето на дијабетесот и неговите компликации. Сојузот изразува благодарност за беспрекорната посветеност и доверба која трае веќе 15 години. Нека оваа јубилејна година биде само почеток на нови успеси и уште поголема посветеност кон здравјето на нашите членови. ➡️ Во следните неколку дена ќе следи и јавна објава со активности и услуги кои оваа установа ќе ги обезбеди специјално за членовите на Сојузот – со уште поголем фокус на превенција, поддршка и пристапна грижа.  
Read more...

Важен ден за лицата со ДИЈАБЕТЕС во Македонија – Сега сме горди членки на Интернационалната дијабетес федерацја

На 27. Генерално собрание на International Diabetes Federation официјално, ПАЦИЕНТИ од Македонија станаа полноправна, рамноправна членка на СВЕТСКОТО СИНО СЕМЕЈСТВО - 250 организации со 160 држави, за 7 региони во светот. Генералното Собрание на International Diabetes Federation со освоени 96,30% гласови од вкупниот број на 199 присутни учесници донесе ОДЛУКА за ПОЛНОПРАВНО ЧЛЕНСТВО НА СОЈУЗОТ НА ЗДРУЖЕНИЈА НА ЛИЦА СО ДИЈАБЕТЕС НА МАКЕДОНИЈА. Се соочуваме со предизвици, имаме чесни и вистински сојузници - пријатели од регионот, Европа и светот. Секако, мора да бидеме посветени и зрели, и сериозно да се справиме со Дијабетесот, преку создавање на КУЛТУРА ЗА ДИЈАБЕТЕС во Македонија според потребите и приоритетите на Лицата со ДИЈАБЕТЕС, на вистинскиот „горчлив – сладок“ живот. Нашата интеграција во оваа значајна, светска организација, кој е најмоќниот глас на лицата со ДИЈАБЕТЕС, е со особено значење како пациенти и семејства соочени со ПАНДЕМИЈАТА НА СЕГАШНОТО ВРЕМЕ, кое според прогнозите на медицинската наука - базирана на докази, прогресира многу бргу, а со новите истражувања и предвидувања бројките на светско и локални ниво се огромни. Се очекува дека во светот и Македонија во следната декада, 13% од возрасното население (19 - 79 години) ќе биде со дијагноза ДИЈАБЕТЕС! Затоа, како национална мрежа на здруженијата на лица со дијабетес и на секој пациент, кој доброволно се приклучува и поддржува мисија и визија и стратешките цели, сме ориентирани да бидеме редовни, активни и квалитативно присутни чинители со справувањето со ДИЈАБЕТЕСОТ, пред се превенција од пораст на Дијабете Мелитус ТИП 2 и секако спречување на компликации од Дијабетес. Особено сме посветни на целта - 100% од лицата со Тип 1 да бидат со можност за квалитетно менаџирање на Дијабетесот со „затворени системи“ што значи секое лице со ДМ Тип 1 да има - Иновативна современа Инсулинска терпаија, CGM system и Инсулинска пумпа, да има реално нормален живот, без ризици за дополнително компликации. Осигурувајќи се дека луѓето со дијабетес и нивните семејства добиваат можност да играат улога во грижата за дијабетесот, превенцијата и истражувањето е од клучно значење за враќање на сегашниот товар на дијабетес и неговите компликации. Понатаму, тие мора да бидат вклучени во развојот на политики и стратегии релевантни за нивната грижа и во определувањето како се испорачуваат услугите. Луѓето со дијабетес не се виновни за нивната состојба и не треба да бидат дискриминирани на училиште или на работа. Луѓето со дијабетес треба да ја уживаат истата социјална заштита и здравје на осигурително покритие овозможено за сите граѓани. ИДФ ќе го промовира правото на пристап до најдобрата достапна нега за дијабетес за сите луѓе кои живеат со дијабетес, вклучувајќи ги и ранливите групи со дијабетес, како што се децата, постарите лица, луѓето со инвалидитет, домородните луѓе и етничките малцинства, без разлика на полот. ИДФ ќе продолжи со својата работа да го поддржи создавањето на силни организации за дијабетес за да изгради, обучува и мобилизира мрежи на луѓе кои живеат со дијабетес. Ќе продолжиме да ги идентификуваме и да ги поддржуваат шампионите за промени и водачите на заедницата кои можат силно да зборуваат за поддршка на прашања идентификувани од нашата заедница како важни за нашата заедница. ВИЗИЈА: Подобрете го животот на луѓето кои живеат со дијабетес и промовирајте акција за спречување на дијабетес.
  • Пристап до прифатлива, квалитетна нега и образование за дијабетес ширум светот!
Глобални цели за покривање на дијабетесот до 2030 година:
  • 80% од луѓето кои живеат со дијабетес се дијагностицирани
  • 80% од луѓето со дијагностициран дијабетес имаат добра контрола на гликемијата
  • 80% од луѓето со дијагностициран дијабетес имаат добра контрола на крвниот притисок
  • 60% од луѓето со дијабетес над 40 години добиваат статини
  • 100% од луѓето кои живеат со дијабетес тип 1 имаат пристап до прифатлив инсулин третман и само-следење
Им благодариме на сите за поддршката, им благодариме на Меѓународната федерација за дијабетес Европа за целосната и безрезервна поддршка.
Read more...
Диамед

Потпишан договор за соработка меѓу СЗДСМ и Специјалната болница за нефрологија со дијализа Diamed

Со големо задоволство све информираме дека во пресрет на 13-ти Март - СВЕСТСКИОТ ДЕН НА БУБРЕГОТ, Сојузот на здруженија на дијабетичари - СЗДСМ, потпиша ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА со Специјална болница за нефрологија со дијализа Diamed Скопје.
Генералната цел, на овој договор е да се воспостави и унапредува соработката помеѓу наведените субјекти во насока на подобрување на квалитетот на живот на лицата со дијабетес, за едукација и превенција и современ третман на кардио – васкуларни и нефропатски компликации, преку координирано спроведување на заеднички активности.
Посебни цели на договорот се:
  • Едукацијата и информирањето за потребата од превенција и спречување за кардио – васкуларните и нефропатските компликации е топ приоритет за Лицата со дијабетес (ЛсД)
  • Намалувањето на дебелината/обезноста, крвниот притисок и високото ниво на шеќер кај ЛсД се најважните фактори за превенција на компликации
  • Потребно е да се користи иновативна терапија, медицински помагала и опрема која постои и да биде на располагање на ЛсД
  • Потребна е координација помеѓу здравствените институции кога станува збор за ДМ и превенција на компликациите
  • Следење на параметрите на ЛсД во примарното здравство, и раното реагирање може да превенира компликации кај ЛсД.
  • Самите ЛсД треба да бараат проверка на урината (уринарен седимент) и крвни анализи најмалку еднаш годишно за да се направи проверка за состојбата и функцијата на бубрезите
  • Потребно е да се едуцираат ЛсД и медицинскиот кадар во примарно здравство за тоа кои лекарства и здравствени состојби можат да влијаат негативно на работата и функцијата на кардио – васкуларните и нефропатски органи.
  • Има потреба од спроведување истражувања и студии на ЛсД и лицата на дијализа за да се увидат најновите трендови и ефикасни налини за превенција.
Клучни активности:
  • Превенција на кардио – васкуларни, нефропатски и невропатски компликации од дијабетес – учество на доктори вработени во ПЗУ Специјална болница ДИАМЕД Скопје во кампањи за поддигнување на свесноста на населението за дијабетесот и факторите кои предизвикуваат компликации организирани од Сојуз на здруженија на дијабетичари.
  • Имплементација на координирани скриниг програми за рано откривање на ХББ, особено во руралните средини,
  • Акции за навремено воведување на иновативна терапија и унапредување на нивото на знаењата кај ново дијагностицираните и останатите лица со компликации по пат на зајакнување на едукативните центри за правилен пристап во самоменаџирањето на дијабетсот.
Read more...