СЗДСМ со свој претставник на Младинскиот камп за лидерство во Италија организиран од IDF

Камп за лидесртво

СЗДСМ со свој претставник на Младинскиот камп за лидерство во Италија организиран од IDF

За прв пат откако СЗДСМ е членка на IDF, имаме наш кампер на Младинскиот лидерски камп 2025 (#YLC) во Парма, Италија!

🙌 Првиот ден започна со топло добредојде од претставниците на IDF Europe и домаќините. Исто така, камперите беа почестени од присуството на локалните власти и инспирирани од моќните говори од застапниците на дијабетесот, поставувајќи ја сцената за една недела учење, поврзување и јакнење.

Вториот ден од Младинскиот камп за лидерство во Парма донесе моќни разговори, нови вештини и значајни врски на и надвор од теренот!

💡Денот започна со интерактивна работилница за Синдромот на измамник, водена од Алиса Фолкнер (ментор од Шкотска) и Пако Оренго Санчез, од Медтроник, што предизвика важни размислувања.

🔎Потоа, Ирина Власенко и Елизабет Дупонт, од IDF Европа, споделија сознанија за состојбата со дијабетесот низ Европа – истакнувајќи ги главните празнини во пристапот до здравствена заштита. Мартина Малија (ментор од Малта) истражуваше со учесниците како јазикот и говорот е важен во застапувањето, додека Кона Таки (ментор од Грција) ги водеше учесниците низ сесија за јакнење во односот лекар-пациент.

💙Вечерта заврши со сесија водена од Камерон Кирон (ментор од Ирска) и Хавир Пал (член на одборот на IDF Европа), фокусирана на излегување од зоната на удобност и справување со животот со дијабетес – емотивен и инспиративен момент.

🙏🏻Горди сме што Македонија и СЗДСМ како полноправен член на IDF, има свој претставник на овој младински камп за лидерство!

Share this post

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *