Со особена чест најавуваме дека годинашното издание на традиционалната трка „Трчаме за Рацин“ што ќе се одржи во Велес на 08.06.2025 година, ќе биде посветено на поддршка на лицата со дијабетес во Република Северна Македонија.
Овој настан има за цел да ја подигне свеста за предизвиците со кои се соочуваат лицата со дијабетес, но и да ја истакне нивната сила, издржливост и посветеност кон активен и здрав начин на живот.
По три претходни успешни изданија, оваа година од организацијата најавуваат одлична трка и супер забава преку кои на свој автентичен начин ќе се чествува ликот и делото на Рацин. Исто како и на претходните изданија, и оваа година е предвидена детска трка, како увертира на главниот настан и трките на 5 и 10 километри.
Ги повикуваме сите заинтересирани – спортисти, рекреативци, семејства, пријатели и поддржувачи – да ни се придружат и да бидат дел од оваа важна иницијатива. За повеќе информации или учество, ве молиме контактирајте не на 078/395-246 или испратете порака.
„Трчаме за Рацин“ е организирана според правилата за улично и маратонско трчање на IAAF и АФМ.
Во склоп на настанот предвидени се три трки:
- Трка на 10км со почеток од 19:00ч,
- Трка на 5км со почеток од 19:00ч,
- Детска трка – 100-400м со почеток од 17ч.
Пријавувањето е заклучно со 25.05.2025.
Заедно трчаме со цел. Заедно трчаме за поддршка. Трчаме за Рацин – трчаме за оние што се борат секој ден!
Напишете коментар