Tag - D.med Medical

СЗДСМ зема учество на панел дискусијата: Превентивни прегледи – клуч на рано откривање и спречување на хронични болести

Сојузот на здруженија на лица со дијабетес на Македонија имаше чест да го одбележи значајниот јубилеј на своите партнери – 15 години постоење на приватната здравствена установа D.med Medical, институција која веќе една и пол деценија е посветена на унапредување на здравјето во нашата заедница. По повод овој јубилеј, беше организирана панел-дискусија на тема: „Превентивни прегледи – клуч на рано откривање и спречување на хронични болести“, каде во фокусот беше ставена превенцијата како основа за долгорочна и квалитетна здравствена заштита. Меѓу говорниците на панелот се обрати и претседателот на Сојузот на здруженија на лица со дијабетес на Македонија, Димче Велев. Панелот отвори важни прашања и истакна дека навремените прегледи можат да спасат животи, а соработката меѓу институциите и здруженијата е клучна за навремено откривање и справување со болести како што е дијабетесот. Со оваа активност, уште еднаш се потврди мисијата на D.med Medical – да биде двигател на промените во здравството преку рано откривање, квалитетна грижа и активна превенција, особено во полето на дијабетесот и неговите компликации. Сојузот изразува благодарност за беспрекорната посветеност и доверба која трае веќе 15 години. Нека оваа јубилејна година биде само почеток на нови успеси и уште поголема посветеност кон здравјето на нашите членови. ➡️ Во следните неколку дена ќе следи и јавна објава со активности и услуги кои оваа установа ќе ги обезбеди специјално за членовите на Сојузот – со уште поголем фокус на превенција, поддршка и пристапна грижа.  
Read more...