Tag - Дијабетска ретинопатија

Офталмолошко предавање на тема: Дијабетес и очни болести, современи пристапи во дијагноза и третман

Неделава беше успешно реализирано офталмолошко предавање од проф. д-р Биљана Ивановска Аџиевска, специјалист офталмолог од Деница - Специјална очна болница на тема: „Дијабетес и очни болести, современи пристапи во дијагноза и третман“. Ова предавање беше организирано од СЗДСМ и Здружението ЗД Мост-Скопје. Клучните теми на предавањето беа следниве: · Симптоми и дијагностика на дијабетска ретинопатија – како високите нивоа на шеќер во крвта влијаат на крвните садови во ретината, предизвикувајќи оштетувања кои може да доведат до губење на видот. · Макуларен едем – оток на макулата кој може да предизвика заматен вид и други визуелни нарушувања. · Современи третмани: - Анти-VEGF инјекции – медикаменти кои се инјектираат во окото за да се намали отокот и да се спречи растот на абнормални крвни садови. - Ласерска фотокоагулација – процедура која користи ласер за да се заштитат протечените крвни садови и да се спречи понатамошно оштетување на ретината. - Витректомија – хируршка интервенција за отстранување на стаклестото тело на окото, која се применува во напредни случаи на дијабетска ретинопатија. По предавањето, учесниците имаа можност да поставуваат прашања, на кои д-р Ивановска Аџиевска одговараше, споделувајќи практични совети и информации. На крајот на настанот, беше спроведено мерење на очниот притисок за заинтересираните присутни, со цел рано откривање на можни офталмолошки проблеми.
Read more...