Health & Fitness Forum 2025: Физичка активност и дијабетес – Потребни се дијабетес пријателски фитнес средини!?

Health & Fitness Forum 2025: Физичка активност и дијабетес – Потребни се дијабетес пријателски фитнес средини!?

Во рамките на Health & Fitness Forum 2025, што се одржа во Скопје, Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија зеде активно учество преку својот административен директор – Мартин Николов, кој учествуваше во панел-дискусија посветена на улогата на физичката активност кај лицата со дијабетес.

Во своето излагање, Николов ги истакна четирите клучни области што секој тренер и фитнес-инструктор треба да ги познава кога работи со лице со Дијабетес, особено со лице со Тип 1 дијабетес:

1. Континуирано следење на гликемијата

Лицата со T1D најчесто користат CGM-сензори или глукометри. Тренерите треба да знаат како да препознаат аларми за хипо или хипергликемија. Мерењата пред тренингот, секако се задолжителни. Во некои случаи, може да биде потребна кратка пауза за внес на јаглехидрати или корекција со инсулин.

2. Инсулинска терапија и распоред

Инсулинската доза може да се прилагоди во зависност од типот и интензитетот на тренингот. Затоа е важно тренерот да биде информиран за распоредот на терапијата и да комуницира отворено со клиентот.

3. Исхрана и ризик од хипогликемија

Во зависност од активноста, може да биде потребна брза закуска пред, за време или по вежбањето. Секој тренер треба да има при рака гел, шеќерен сок или глукозни таблети за итни ситуации.

4. Препознавање и итни мерки

Симптомите на хипогликемија (треска, замор, потење) и хипергликемија (сува уста, заматен вид) мора да бидат препознаени на време. Брза интервенција е клучна.

Во продолжение на разговорот, се отвори и прашањето: Како локалните фитнес-центри можат да помогнат?
Одговорот беше едноставен – преку партнерство, едукација и вклученост:

  • Организирање на “дијабетес-пријателски часови” со обучени тренери.
  • Едукација на фитнес-персоналот преку кратки обуки за основите на дијабетесот.
  • Отворени денови за заедницата со здравствени активности и совети.
  • Заеднички мотивирачки кампањи со награди и попусти за членовите на Сојузот.

Ова се мали, но значајни чекори кон создавање на општество каде физичката активност е достапна, безбедна и поддржувачка за лицата со дијабетес.

Share this post

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *