Едукативен настан: Корисноста од Системите за континуирано мерење гликемија – сензори

Едукативен настан: Корисноста од Системите за континуирано мерење гликемија – сензори

На 7 мај во Куманово се одржа едукативен настан во организација на Здружение на дијабетичари – Куманово и Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, посветен на подигање на свеста и едукација за животот со дијабетес, особено за лицата со Тип 1 и дел од оние со Тип 2 дијабетес.

Настанот беше фокусиран на системите за континуирано мерење на гликемија (CGM) – сензори, како и инсулинските пумпи и нивното влијание врз квалитетот на животот. Присутните имаа можност да слушнат предавање за најновите практики во менаџирање и третман на дијабетесот, поддржано од компанијата Би-МЕК Медицинска опрема.

Дополнително, во еден отворен и топол разговор, повеќе присутни споделија лични искуства за животот со и без користење на сензори и пумпи, што придонесе за размена на корисни информации и зајакнување на заедницата.

Како дел од настанот, на дел од присутните им беа донирани CGM уреди CIBIONICS, за што упатуваме голема благодарност до Би-МЕК за нивната несебична поддршка и ангажман во унапредување на третманот за лицата со дијабетес во Македонија.

Со вакви активности, Сојузот продолжува да гради дијабетес култура базирана на едукација, поддршка и заедништво.

Share this post

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *