Monthly Archives - септември 2025

Започна вториот Камп за едукација на деца и млади со ДМ Т1, во Берово!

Започна вториот Камп за едукација на деца и млади со ДМ Т1, во Берово. Учесниците на овогодинешниот камп веќе се таму, расположени и подготвени за нови дружби и искуства. ДИА КАМПОТ започна со презентација на дигитализиран менаџмент на дијабетесот со CGM системи и инсулинска пумпа. Ова беше само почеток на нивното патување – пред нив се уште многу моменти исполнети со учење, поддршка и дружење. Вториот ден од кампот во Берово започна со официјалното отворање! Кампот официјално го отвори претседателот Диме Велев, кој ја нагласи важноста на заедништвото и поддршката во дијабетес заедницата. Потоа следеше едукација од докторите од ЈЗУ Универзитетска клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболни состојби, Скопје и психолог на теми посветени на менталното здравје – тема која секогаш е значајна и неопходна. Учесниците имаа можност да слушнат и за тоа како функционираат сензорите, а денот заврши со многу корисна едукација за компликациите кои може да произлезат од дијабетесот и важноста на менталното здравје. Утре веќе следува броењето на јаглехидратите и важноста на исхраната кај лицата со дијабетес.
Read more...