Собрание

Што претставува СОБРАНИЕТО

Собранието е највисок орган на Сојузот, кое го конституираат и него го сочинуваат: • Претседателот на секое здружение на дијабетичари – полноправен член на Сојузот и преставници (делегати) зависно од бројот на регистрирани членови на здружението на дијабетичари:

  • до 50 членови – 1 претставник;
  • од 51 до 100 членови – 2 претставници;
  • над 101 – 3 претставници;

Собрание

Членовите (делегати) на Собранието мора да бидат полнолетни државјани. Доколку претставник на членка на Сојузот стане член на УО или на надзорниот одбор неговото членство во Собранието се замрзнува и истиот се заменува со друг член од истото здруќение, согласно критериумите.

  • Собранието работи на седници.
  • Седниците на Собранието се јавни и се одржуваат по потреба, а најмалку еднаш годишно, а на секои 4 години се одржува изборна седница.
  • Седниците на Собранието можат да бидат редовни или вонредни.
  • Собранието се свикува најмалку 30 дена пред денот на одржување на седницата со доставување на покана до членовите на Cобранието.
  • Собранието полноважно работи и одлучува ако на седницата присуствуваат повеќе од ½ (една половина) од членовите на Собранието.

Собранието на Сојузот

  • донесува Статут и усвојува негови измени и дополнувања;
  • одлучува за статусни промени на Сојузот;
  • одлучува за промена на целта на СЗДСМ;
  • обезбедува единство на организација во остварувањето на своите цели;
  • усвојува Програма и Стратегија на Сојузот и нивни измени и дополнувања, како и насоки за нивно имплементирање;
  • утврдува политика на организацијата со цел остварување на мисијата, визијата и целите преку примена на генералните вредности на сојузот;
  • ги утврдува основите за редовно финансирање на сојузот;
  • го избира и разрешува Претседателот на Сојузот;
  • ги избира и разрешува членовите на Управниот одбор;
  • ги избира и разрешува членовите на Надзорниот Одбор;
  • го усвојува извештајот за работа на Сојузот помеѓу две седници на Собранието;
  • го усвојува финансискиот извештај на Сојузот;
  • го усвојува извештајот на Надзорниот одбор;
  • потврдува одредени одлуки на органите на СЗДСМ;
  • одлучува за прием на нови членови;
  • одлучува за изрекување на дициплинска мерка “исклучување од Сојузот”;
  • одлучува за пристапување на Сојузот во национални и меѓународни облици на здружување;
  • одлучува за основање или учество на Сојузот во капиталот на правното лице заради остварување на целите утврдени со овој Статут;
  • донесува одлука за формирање на привремени работни тела за извршување на работи од негова надлежност;
  • донесува одлука за престанок на Сојузот со 2/3 мнозинство и
  • врши и други работи кои произлегуваат од овој Статут, актите на Сојузот, законите и другите прописи.

СОСТАВ НА СОБРАНИЕТО НА СЗДСМ: 

  • БАЛАНС МК – Асоцијација за детски дијабетес на Македонија – Наташа Деспотовска Димитреивска и 1 делегат,
  • Здружение на дијабетичари на Општина Охрид – Гордана Волкан и 1 делегат,
  • Здружение на дијабетичари – Тетово – Душко Игнатовски и 1 делегат,
  • Здружение на лица со дијабеетс „ВАРДАР“ – Гостивар – Велко Бобаровски и 1 делегат,
  • Здружение на лица со дијабетес „Алегрија“ – Скопје – Рената Јакимовиќ и 1 делегат,
  • Здружение на дијабетичари – Куманово – Зоран Бојковски и 3 делегати,
  • Здружение на дијабетичари на Делчево и Македонска Каменица – Лидија Дамјановска и 3 делегати,
  • Здружение на дијабетичари – Пробиштип – Анета Пановa Цветановска и 1 делегат,
  • Здружение на дијабетичари – Кочани – Јордан Синадиновски и 1 делегат,
  • Здружение на лица сп дијабетес „Дијабет ПОЛПГ“ – Тетово – Калара Сандева и 1 делегат,
  • Здружение на дијабетичари на Радовиш, Подареш и Конче – Ратка Митева и 1 делегат,
  • Здружение на дијабетичари „Силна надеж“ – Свети Николе – Лазар Јакомовски и 1 делегат,
  • Здружение на дијабетичари „Сончева светлина“ – Демир Хисар – Драган Станковски и 1 делегат
  • Здружение на дијабетираи на Општина Битола – Душанката Анастасовска и 3 делегати,
  • Здружение на лица сп дијабетес „Шеќерче – Lollipop“ – Велес – Иванка Караѓозова Трчкова и 1 делегат,
  • Здружение на граѓани со дијабетес на ппштините Гевгелија, Богданци и Дојран – Катерина Каркалашева и 1 делегат,
  • Здружение на дијабетичари – Кавадарци – Митко Митевски и 1 делегат,
  • Здружение на дијабетичари – Берово – Бистра Ѓорѓиева и 1 делегат,
  • Здружение на лица со дијабетес „МОСТ“ на Град Скопје – Олгица Шеќеринова и 1 делегат
  • Здружение на дијабетичари – Неготино – Дивитко Јанков (без право на глас)
  • Здружение за едукација, советување, превенција и грижа на лица со дијабетес СИНА РЕВОЛУЦИЈА – Прилеп – Менде Цветковски (без право на глас)
  • Димче Велев – претседател на СЗДСМ,
  • Биљана Солунчевска – член на Управен одбор и
  • Татјана Јордева – член на Управен одбор

ЧЛЕНКИ ВО МИРУВАЊЕ

  • Здружение на дијабетичари „Гликоза“ – Струмица
  • Здружение на дијабетичари – Струга
  • Здружение на дијабетичари „Светлост за нас“ – Прилеп