Поддржете ја мисијата за подобар живот на лицата со дијабетес!
Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија посветено работи на подобрување на животот на 135.000 лица со дијабетес. Со вашата поддршка, можеме да реализираме значајни проекти, да овозможиме подобра грижа и заеднички да креираме позитивни промени во заедницата.

Зошто да станете наш спонзор?
✅ Општествена одговорност – Бидете дел од иницијатива која директно влијае на подобрување на здравјето и животот на илјадници граѓани.
✅ Зголемена видливост – Вашата компанија ќе биде препознаена како активен поддржувач на здравјето и благосостојбата на заедницата.
✅ Медиумска изложеност – Вашето име ќе биде истакнато на нашата веб-страница, социјалните мрежи, едукативни настани и кампањи.
✅ Можност за директно учество – Вклучете се во наши хуманитарни активности, кампањи за едукација и настани посветени на поддршка на лицата со дијабетес.
✅ Создавање позитивно влијание – Придонесете кон подобрување на здравствените услуги, достапноста на медицински помагала и едукацијата за дијабетесот.

Зошто да не поддржите?
Спонзорството не е само финансиска поддршка – тоа е можност да станете дел од една поголема мисија. Со вашето учество, ќе помогнете во:
✅ Организирање едукативни програми за превенција и управување со дијабетесот
✅ Поддршка на лица со дијабетес преку достапност на медицински помагала
✅ Зголемување на свеста за оваа хронична состојба и нејзините предизвици
✅Издавачка дејност - книги, прирачници и електронски изданија за едукација, информации и менаџмент на дијабетес
✅ Подобрување на здравствените политики преку заеднички иницијативи

Што добивате како спонзор?
✅ Вашето име и лого на нашите настани, веб-страница и промотивни материјали
✅ Присуство во медиумите преку интервјуа, статии и репортажи
✅ Директно поврзување со заедницата и градење позитивен имиџ
✅ Можност да бидете дел од национални здравствени иницијативи
Генерално спонзорство
Станете наш главен поддржувач и помогнете во остварувањето на целокупната мисија на Сојузот. Како генерален спонзор, ќе бидете препознаени како клучен партнер во сите наши активности – од едукација и поддршка за лицата со дијабетес, до организација на настани, кампањи и проекти. Ова е најсеопфатниот облик на поддршка кој ви овозможува долгорочна и значајна видливост.
Спонзорство на настани
Поддржете некој од нашите клучни настани, како што се:
- Светскиот ден на дијабетесот (14-ти ноември) – годишен форум со учество на медицински експерти, пациенти и јавноста.
- Едукативни кампови за деца и млади со дијабетес – интерактивни работилници за правилно управување со дијабетесот.
- Други настани
Спонзорство на кампањи
Соработувајте со нас во подигнување на свеста преку национални и локални кампањи. Некои од темите на кампањите се:
- Превенција на дијабетес тип 2
- Рана детекција и дијагностицирање
- Подобрување на пристапот до терапии и помагала
- Живот со дијабетес
- Други кампањи
Спонзорство на проекти
Помогнете ни во финансирање на:
- Обезбедување на CGM system за сите лица со Т1
- Поддршка на лица со Т1 со пристап до Инфузиски сет (инсулинска пумпа)
- Обезбедување бесплатни глукомери и ленти за мерење
- Телефонски и онлајн советувања за пациенти
- Поддршка за здравствените работници преку обуки и ресурси
- Други проекти
👥 Станете дел од нашата мисија и направете разлика!
📩 Контактирајте нè денес за повеќе информации за спонзорските можности.