Вредности

СЗДСМ е мрежна  организација на локалните здруженија на лицата со дијабетес, која се застапува за здравставени политики усогласени со ЕУ стандардите и користење на најнови иновативни технолошки достигнувања и терапија за третман на лицата со дијабетес, како и создадавање на потикнувачка дијабетес култура.

Сојузот на ЗДСМ се води од следните вредности:

  • Фокус кон потребите на лицата со дијабетес – во рамките на нашите ресурси и моќ, СЗДСМ и членските организации својот фокус го насочуваат кон задоволување на потребите и решавање на предизвиците со кои се соочуваат лицата со дијабетес
  • Доверливост: реализација на нашите ветувања се приоритет број еден. Секогаш сме за вистината, ќе се придржуваме кон доверливоста и почитување на приватноста на другите.
  • Емпатија: ние се однесуваме со емпатија и без предрасуди, пристапувајќи со еднаква важност кон секое лице со дијабет.
  • Интегритет: одржување на високи стандарди на личното однесување и вградување на нашите вредности во нашата организациска политика, постапки и однесување.
  • Солидарност: се поддржуваме еден со друг во рамките на глобалната заедница од дијабетес.
  • Почитување на културни специфики: ги почитуваме културните вредности и ги признаваме човековите права на сите луѓе, градејќи култура на дијабетес. 

Во своето работење СЗДСМ континуирано ги следи следниве постулати:

  • Истрајност и доследност: Ние сме истрајни и доследни на нашите цели, во рамките на нашите можности ќе правиме сѐ за подобар живот на луѓето со дијабетес. Како и да учиме од своите грешки.

  • Спремност за дијалог: Секогаш спремни да се соочиме со тешките ситуации директно, ги имаме секогаш на ум најдобрите интереси на лицата со дијабетес и затоа сме спремни на дијалог за да ја заштитие  на нашата организација и нашите корисници

  • Независност: СЗДМ е независен, независноста е наша определба, не сме и не може да бидеме заложници на која било друга организација, институција, претпријатие и партија.

  • Креативност: секогаш флексибилни, барајќи иновативни и алтернативни идеи, подготвени да се соочиме со предизвикот на конвенционалната мудрост и да ги користиме совесно и полезно дадените можности.

  • Соработка: Соработка е нашиот стил на работење. Го практикуваме отворениот дијалог и слободата на изразување.