Дијабетес

Дијабет

Дијабетесот е хронична болест која се јавува кога панкреасот не произведува доволно инсулин или кога телото не може ефикасно да го користи произведениот инсулин. Инсулинот е хормон кој го регулира нивото на шеќер (глукоза) во крвта. Нездравото ниво на шеќер во крвта може да доведе до сериозни здравствени проблеми.

Постојат три главни типа на дијабетес:

  1. Дијабетес тип 1 – Автоимуно заболување при кое имунолошкиот систем ги напаѓа клетките на панкреасот кои произведуваат инсулин. Најчесто се дијагностицира кај деца и млади лица. Лицата со овој тип на дијабетес мораат да примаат инсулин секојдневно.
  2. Дијабетес тип 2 – Најчестиот облик на дијабетес, кој обично се развива кај возрасните, но сè почесто се јавува и кај младите. Се поврзува со прекумерна телесна тежина, недостаток на физичка активност и нездрава исхрана. Кај овој тип, телото не го користи ефикасно инсулинот, а во некои случаи може да биде потребна терапија со лекови или инсулин.
  3. Гестациски дијабетес – Се јавува за време на бременоста кај жени кои претходно немале дијабетес. Овој облик обично исчезнува по породувањето, но жените кои го имале имаат зголемен ризик од развој на дијабетес тип 2 во иднина.

Симптоми на дијабетес

  • Честа жед и сува уста
  • Често мокрење
  • Замор и исцрпеност
  • Заматен вид
  • Бавно заздравување на рани
  • Ненадејно губење на телесна тежина (кај тип 1)
  • Зголемен апетит

Превенција и управување со дијабетесот

За дијабетес тип 1 нема позната превенција, но за дијабетес тип 2 може да се намали ризикот преку:

  • Здрава исхрана богата со влакна, овошје и зеленчук
  • Редовна физичка активност
  • Одржување на здрава телесна тежина
  • Редовни лекарски прегледи

Лицата со дијабетес треба да ја следат својата терапија, да го контролираат нивото на шеќер во крвта и да го прилагодат начинот на живот за да избегнат компликации како срцеви заболувања, оштетување на бубрезите и нервите.

Дијабетесот е сериозно заболување. Но со правилна грижа и поддршка, лицата со дијабетес можат да имаат квалитетен и активен живот.

Што треба да знаете за дијабетесот?

  • Дијагнозата на дијабетес се базира на покачени нивоа на гликоза на гладно (плазма гликоза ≥ 7.0 mmol/L) или на ниво на гликоза мерена два часа по гликоза толеранс-тест (плазма гликоза ≥ 11.0 mmol/L)(табела 1). Гликоза во целокупна крв + околу 1 mmol/L = плазма или серумска гликоза. Пациенти со благо покачено ниво на гликоза на гладно сега се сметаат како посебна ризик-група.

  • Нарушена гликозна толеранција (ИГТ) се однесува на нормални вредности на гликоза на гладно со покачени вредности по 2 часа (плазма гликоза ≥ 7.8-11.0 mmol/L).

  • Гликозилиран хемоглобин, HbA1c одговара за мониторирање долготрајна гликемиска контрола кај луѓе со дијабетес; но со сегашните методи тестот не е доволно сензитивен за дијагностички цели.

  • Ако пациентот не покажува знаци за тип 1 дијабетес (инсулин-зависен дијабетес ИДДМ) (полидипсија, полиурија, губење тежина, значајно покачени нивоа на глико за во крвта и кетони во крвта и во урината) тој најверојатно има тип 2 дијабетес.

  • Терминот тип 2 дијабетес (инсулин-независен дијабетес НИДДМ) обично се однесува на дијабетес дијагностициран по возраст од 35 години. Иако овие пациенти можат да преживеат без инсулин, тој често се препишува за да превенира оштетување на органите од хипергликемија.

  • Возраста во почетокот не е секогаш индикативна за типот на дијабетесот. За време на дијагнозата, 10–15% од пациентите со тип 2 дијабетес се на возраст над 30 години. Ова е таканаречен MODY тип на дијабетес, често почнува на возраст под 25 години, како што обично не е случај со тип 2 дијабетес.

  • Некои пациенти (околу 10%) изгледа дека имаат тип 2 дијабетес, но развиваат значаен инсулински дефицит за неколку години. Кај овие пациенти вообичаено се детектираат GAD -антитела. Овие пациенти се класифицираат дека имаат тип 1 дијабетес според последната WHO-класификација. Оваа состојба, исто така, се однесува на следните неутврдени термини: LADA “Latent Autoimmune Diabetes in Adults” и “тип 1 1⁄2 дијабетес”.