НАДЗОРЕН ОДБОР
Надзор над работењето на органите и телата на Сојузот врши Надзорниот одбор.
Надзорниот одбор е самостоен орган на Сојузот, составен од 3 членови на Собранието.
Членовите на Надзорниот одбор ги избира Собранието на СЗДСМ, со мандат во времетраење од 4 години, со право за повторен реизбор.
Членовите на Надзорниот одбор мора да бидат полнолетни.
Членовите на Надзорниот одбор избираат Претседател од своите редови. Седниците на Надзорниот одбор ги свикува Претседателот.
Надзорниот одбор може да работи и да одлучува доколку на седницата се присутни најмалку двајца членови. Одлуките на надзорниот одбор се носат со мнозинство гласови од вкупниот број членови.
Надзорниот одбор врши контрола над работата на органите на Сојузот, а особено контрола над материјално-финансиското работење.
Надзорниот одбор ги има следните надлежности:
- донесува деловник за работа заради поефикасно остварување на своите надлежности;
- го следи спроведувањето на Статутот и програмата за работа на СЗДСМ;
- го следи начинот на работа на органите и телата на Сојузот;
- ја прегледува годишната завршна сметка и други акти на организацијата;
- предлага мерки кои треба да бидат превземени за спроведување и отстранување на неправилностите во работата на СЗДСМ и
- врши други работи утврдени со овој Статут, интерните акти на Сојузот и актите на Собранието.
Надзорниот одбор се состанува по потреба, а најмалку два пати во текот на една календарска година.
Надзорниот одбор еднаш годишно до Собранието поднесува извештај за својата работа, кој задолжително содржи извештај за спроведената контрола и надзор над законитостата на финансиското и сметководствено работење.
Сите органи и тела на Сојузот се должни, на барање на Надзорниот одбор, да достават примероци од целокупната документација со која располагаат, како и да соработуваат со Надзорниот одбор при спроведувањето на активностите на контрола и надзор.
СОСТАВ НА НАДЗОРЕН ОДБОР
- Тони Митев
- Анета Панова Цветановска
- Јордан Синадоновски