СОБРАНИЕ
Собранието е највисок орган на Сојузот, кое го конституираат и него го сочинуваат: • Претседателот на секое здружение на дијабетичари – полноправен член на Сојузот и преставници (делегати) зависно од бројот на регистрирани членови на здружението на дијабетичари:
- до 50 членови – 1 претставник;
- од 51 до 100 членови – 2 претставници;
- над 101 – 3 претставници;
Членовите (делегати) на Собранието мора да бидат полнолетни државјани. Доколку претставник на членка на Сојузот стане член на УО или на надзорниот одбор неговото членство во Собранието се замрзнува и истиот се заменува со друг член од истото здруќение, согласно критериумите.
Собранието работи на седници. Седниците на Собранието се јавни и се одржуваат по потреба, а најмалку еднаш годишно, а на секои 4 години се одржува изборна седница.
Седниците на Собранието можат да бидат редовни или вонредни. Собранието се свикува најмалку 30 дена пред денот на одржување на седницата со доставување на покана до членовите на Cобранието.
Собранието полноважно работи и одлучува ако на седницата присуствуваат повеќе од ½ (една половина) од членовите на Собранието.
Собранието на Сојузот
- донесува Статут и усвојува негови измени и дополнувања;
- одлучува за статусни промени на Сојузот;
- одлучува за промена на целта на СЗДСМ;
- обезбедува единство на организација во остварувањето на своите цели;
- усвојува Програма и Стратегија на Сојузот и нивни измени и дополнувања, како и насоки за нивно имплементирање;
- утврдува политика на организацијата со цел остварување на мисијата, визијата и целите преку примена на генералните вредности на сојузот;
- ги утврдува основите за редовно финансирање на сојузот;
- го избира и разрешува Претседателот на Сојузот;
- ги избира и разрешува членовите на Управниот одбор;
- ги избира и разрешува членовите на Надзорниот Одбор;
- го усвојува извештајот за работа на Сојузот помеѓу две седници на Собранието;
- го усвојува финансискиот извештај на Сојузот;
- го усвојува извештајот на
Надзорниот одбор
- потврдува одредени одлуки на органите на СЗДСМ;
- одлучува за прием на нови членови;
- одлучува за изрекување на дициплинска мерка “исклучување од Сојузот”;
- одлучува за пристапување на Сојузот во национални и меѓународни облици на здружување;
- одлучува за основање или учество на Сојузот во капиталот на правното лице заради остварување на целите утврдени со овој Статут;
- донесува одлука за формирање на привремени работни тела за извршување на работи од негова надлежност;
- донесува одлука за престанок на Сојузот со 2/3 мнозинство и
- врши и други работи кои произлегуваат од овој Статут, актите на Сојузот, законите и другите прописи.
СОСТАВ НА СОБРАНИЕТО НА СЗДСМ:
- БАЛАНС МК – Асоцијација за детски дијабетес на Македонија – Наташа Деспотовска Димитреивска и 1 делегат,
- Здружение на дијабетичари на Општина Охрид – Гордана Волкан и 1 делегат,
- Здружение на дијабетичари – Тетово – Душко Игнатовски и 1 делегат,
- Здружение на лица со дијабеетс „ВАРДАР“ – Гостивар – Велко Бобаровски и 1 делегат,
- Здружение на лица со дијабетес „Алегрија“ – Скопје – Рената Јакимовиќ и 1 делегат,
- Здружение на дијабетичари – Куманово – Зоран Бојковски и 3 делегати,
- Здружение на дијабетичари на Делчево и Македонска Каменица – Лидија Дамјановска и 3 делегати,
- Здружение на дијабетичари – Пробиштип – Анета Пановa Цветановска и 1 делегат,
- Здружение на дијабетичари – Кочани – Јордан Синадиновски и 1 делегат,
- Здружение на лица сп дијабетес „Дијабет ПОЛПГ“ – Тетово – Калара Сандева и 1 делегат,
- Здружение на дијабетичари на Радовиш, Подареш и Конче – Ратка Митева и 1 делегат,
- Здружение на дијабетичари „Силна надеж“ – Свети Николе – Лазар Јакомовски и 1 делегат,
- Здружение на дијабетичари „Сончева светлина“ – Демир Хисар – Драган Станковски и 1 делегат
- Здружение на дијабетираи на Општина Битола – Душанката Анастасовска и 3 делегати,
- Здружение на лица сп дијабетес „Шеќерче – Lollipop“ – Велес – Иванка Караѓозова Трчкова и 1 делегат,
- Здружение на граѓани со дијабетес на ппштините Гевгелија, Богданци и Дојран –
- Катерина Каркалашева и 1 делегат,
- Здружение на дијабетичари – Кавадарци – Митко Митевски и 1 делегат,
- Здружение на дијабетичари – Берово – Бистра Ѓорѓиева и 1 делегат,
- Здружение на лица со дијабетес „МОСТ“ на Град Скопје – Олгица Шеќеринова и 1 делегат
- Здружение на дијабетичари – Неготино – Дивитко Јанков (без право на глас)
- Здружение за едукација, советување, превенција и грижа на лица со дијабетес СИНА РЕВОЛУЦИЈА – Прилеп – Менде Цветковски (без право на глас)
- Димче Велев – претседател на СЗДСМ,
- Биљана Солунчевска – член на Управен одбор и
- Татјана Јордева – член на Управен одбор
ЧЛЕНКИ ВО МИРУВАЊЕ
- Здружение на дијабетичари „Гликоза“ – Струмица
- Здружение на дијабетичари – Струга
- Здружение на дијабетичари „Светлост за нас“ – Прилеп
УПРАВЕН ОДБОР
Управниот одбор е колективен извршен орган кој управува со работењето на Сојузот помеѓу две седници на Собранието. Го сочинуваат 7 (седум) членови, од кои 6 се избираат од страна на Собранието, додека Претседателот на Сојузот е член на Управниот одбор по функција.
Членовите на Управниот одбор се избираат со мандат во времетраење од 4 години, со право на реизбор. Тие се избираат од листа на кандидати кои поднеле кандидатури по јавен повик распишан во согласност со одредбите од овој Статут. Членовите на Управниот одбор мора да бидат полнолетни.
Управниот одбор на Сојузот работи на седници и може полноважно да работи доколку на седниците присуствуваат повеќе од половина од членовите.
Одлуките и заклучоците кои ги донесува Управниот одбор мора да бидат запишани во записникот од седницата, кој го потпишуваат Претседателот и записничарот. Одлуките донесени на седницата ги потпишува само Претседателот на Сојузот.
Членовите на Управниот одбор во секое време треба да се водат по целите и интересите на Сојузот над поединечните или посебни цели и интереси на која и да е друга страна. Членовите на Управниот одбор имаат право и должност да учествуваат во работата на Управниот одбор, да даваат иницијативи за подготвување на општи акти и да учествуваат во извршувањето на другите надлежности на Управниот одбор, во согласност со Статутот, интерните акти на Сојузот, деловникот за работа, одлуките, заклучоците и насоките на Управниот одбор и Собранието.
Надлежности на управниот одбор:
- ги извршува одлуките и заклучоците на Собранието;
- утврдува Предлог-статут и останати општи акти кои ги донесува Собранието на Сојузот;
- ја анализира работата и состојбата на организацијата во целина и презема мерки за јакнење и унапредување на истата;
- усвојува извештаи од акциите и активностите на Сојузот;
- усвојува извештаи од меѓународни активности на кои учествувал Сојузот;
- усвојува годишна програма за работа на Сојузот;
- разгледува предлози на работните, основните и организационите единици како и предлози на поединци и одлучува за нив;
- остварува соработка со органите на Републиката, локалната самоуправа и други органи и организации;
- се грижи за материјално-финансиското работење на Сојузот во согласност со усвоените планови, правилници и важечките закони;
- избира Потпретседател од своите редови;
- именува и разрешува Секретар на Сојузот и ја разгледува неговата работа;
- донесува правилници и други акти со кои поблиску се регулираат прашањата од работата на Сојузот;
- донесува одлука за висината и начинот на прибирање на чланарината;
- му предлага на Собранието донесување на одлуки за прием и исклучување од членство на здруженија на дијабетичари;
- донесува одлука за пофалби, признанија и одликувања на Сојузот;
- донесува одлуки за разрешување на проблеми со дисциплината и суспензии од членство;
- остварува соработка со признати меѓународни облици на здружување на лицата со дијабетес, како и со национални организации на дијабетес;
- одлучува за кандидирање на Сојузот за организирање на големи меѓународни активности и настани;
- одлучува за заштитата и безбедноста на имотот на Сојузот;
- одговорно е за спроведување на програмата на Сојузот;
- ја контролира усогласеноста на општите акти на сите организациони единици на Сојузот со Статутот и општите акти на Сојузот,
- ги врши сите активности кои согласно закон Сојузот ги има како основач и содружник на правно лице, вклучително именување на раководни лица и лица/органи на надзор;
- донесува одлуки за формирање на комисии, тела и одбори за извршување работи од негова надлежност;
- донесува одлука со која ја утврдува листата на здруженија на дијабетичари кои ја обновиле регистрацијата во тековната година;
- одлучува за поведување на постапка за надомест на штета и други судски постапки во согласност со Статутот и позитивните правни акти на Република Македонија, а со цел остварување на правата и заштита на правните интереси на Сојузот;
- донесува одлуки за ангажирање на лица на определни работни позиции;
- остварува соработка со стручни лица за дијабетес, медицински установи и други институции а во интерес на лицата со дијабетес,
- раководи со имотот и средствата на Сојузот, без право на отуѓување;
- донесува Правилник за организација и систематизација на работни места;
- ги одредува целите и принципите на уредувачката политика на своите гласила;
- врз основа на одлука на Собранието основа праавно лице или превзема дејствија за спроведување на постапка за стекнување на учество во капиталот на трговско друштво;
- донесува одлуки кои согласно Законот за трговските друштва се во надлежност на највисокиот орган на управување на друштвото;
- одлучува за распределбата и намената на средствата остварени како добивка од работетето на трговските друштва во кои како основач/сопственик се јавува Сојузот,
- ги подготвува седниците на Собранието,
- усвојува финансиски план за работата на Сојузот;
- врши други работи утврдени со овој Стаут, интерните акти на Сојузот и актите на Собранието.
Управниот одбор за својата работа одговара пред Собранието. Работата на Управниот одбор се регулира со посебен Деловник кој се усвојува со мнозинство гласови од вкупниот број членови.
Должноста член на Управниот одбор престанува пред истекот на времето за кое членот е избран во следните случаи:
- на барање на членот на Управниот одбор, со поднесување на писмена оставка. Оставката се поднесува до Претседателот на сојузот а мандатот на членот на Управниот одбор му престанува со денот на прием на оставката од страна на Претседателот на сојузот;
- доколку биде предвремено разрешен од страна на Собранието поради повреда на одредбите од Статуот, интерните акти на Сојузот, актите на Собранието, Уставот, законските и подзаконските прописи или поради несовесно вршење на функцијата;
- доколку отсуствува на повеќе од половината одржани седници, односно отсуствува неоправдано на три седници на Управниот одбор последователно;
- Поради смрт или одземање на деловна способност.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
Претседателот на сојузот е самостоен орган кој го застапува и претставува Сојузот, а за својата работа одговара на Собранието на Сојузот.
Претседателот на сојузот се избира со мандат во времетраење од 4 години, со право на реизбор на било кои наредни избори.
Претседателот на сојузот го избира Собранието на Сојузот со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Собранието.
Доколку ниту еден од кандидатите не го освои мнозинството од став 4, се организира втор круг на гласање во кој учествуваат прворангираниот и второрангираниот кандидат според бројот на гласови.
Во вториот круг за избран ќе се смета оној кандидат кој освоил мнозинство гласови од присутните членови на Собранието, но не помалку од 1/3 од вкупниот број гласови.
Доколку на изборите е кандидиран само еден кандидат, истиот ќе се смета за избран доколку освои мнозинство гласови од присутните членови на Собранието, но не помалку од 1/3 од вкупниот број гласови.
Претседателот на сојузот се грижи работата на Сојузот да биде во согласност со Уставот, законските и останатите прописи, како и во согласност со Статутот и другите акти на Сојузот, и се грижи за спроведување на одлуките на органите на Сојузот.
Претседателот на сојузот е овластен да донесува одлуки, да извршува договори и да превзема обврски во врска со сите работи поврзани со тековните активности на Сојузот, освен одлуки чие донесување е во надлежност на Собранието и Управниот одбор.
Во рамките на својата надлежност, Претседателот на сојузот особено ги врши следниве работи:
- раководи со работата на Собранието и Управниот одбор на Сојузот;
- врши координација на утврдените активности и организира редовно вршење на работите кои се извршуваат во рамките на Сојузот;
- одговорен е за спроведување на одлуките на Собранието и Управниот одбор на Сојузот, и активно работи на обезбедување на услови за работа на организацијата;
- афирмирање на содржините на активностите на лицата со дијабетис;
- популаризација на спецификите на организацијата;
- промоција на Мисијата, визијата и основните вредности на СЗДСМ;
- наредбодавател е за извршување на финансискиот план на Сојузот;
- врз основа на одлука на Управниот одбор отвара банкарски сметки на Сојузот;
- го преставува Сојузот на повик, или по лична иницијатива на акциите, манифестациите, состаноците и собирите кои ги организира Сојузот, или неговите членови, меѓународните организации и националните организации, органите на државата, единиците на локалната самоуправа и останатите органи и организации, доколку е тоа во согласност со целите на Сојузот;
- поднесува извештај за работата на Сојузот во мандатниот период;
- одговара за финансиско-материјалното работење на Сојузот со законските прописи;
- врши други работи во согласност со закон, овој Статут, интерните акти на Сојузот и актите на Собранието.
Претседателот за одредени одлуки на Управниот одбор кои се косат со одредбите на овој Статут, може да ги стопира од реализирацијата таквите одлуки. Претседателот на Сојузот има Потпретседател. Потпретседателот го заменува Претседателот во случај на смрт, спреченост, отсуство, или оставка до изборот на нов Претседател на СЗДСМ, со сите права и обврски врзани за работата на Управниот одбор, а врши и други работи и задачи кои на него ги пренесува Претседателот на сојузот.
