Мисија и Визија

Што е нашата мисија?

Создавање дијабетес култура кај сите наши вклучени страни, со цел овозможување на континуиран пристап до најсовремена терапија за сите лица со дијабетес и градење модерни здравствени закони и општествено-социјални стандарди за овозможување еднаков третман на лицата со дијабетес.

(алт.) СЗДСМ е мрежна организација на локалните здруженија на лицата со дијабетес, која се застапува за здравствени политики усогласени со ЕУ стандардите и користење на најнови иновативни технолошки достигнувања и терапија за третман на лицата со дијабетес, како и создавање на поттикнувачка дијабетес култура.

КЛУЧНИ АКТИВНОСТИ

  • Организирање на едукативни и информативни активности за лица со дијабетес (Тип 1, Тип 2, гестациски дијабетес, превенција на компликации од дијабетес, обезност итн.)
  • Застапување за отстранување на тесните грла во специфични здравствени политики во третманот на дијабетесот
  • Промоција на новите и иновативни технолошки достигнувања и терапии за третман на лицата со дијабетес
  • Промоција на пристапи кои ќе мотивираат здрави однесувања и квалитетен менаџмент на дијабетесот, особено меѓу младите и ризичните групи
  • Активности за подигање на свесноста на јавноста за дијабетесот
  • Реализација на истражувања и анализи во области поврзани со трендовите поврзани со дијабетесот во РСМ
  • Организирање на настани за привлекување на вниманието на јавноста кон способностите на лицата со дијабетес
  • Стратешка соработка со здравствените и владините институции
  • Градење на алијанси со правни субјекти и експерти за обезбедување на квалитетни и достапни услуги за лицата со дијабетес
  • Активности за институционално зајакнување и финансиска одржливост на членките и на Сојузот на здруженија на лица со дијабетес