За нас

Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДСМ) е препознатлива и кредибилна организација, посветена на унапредување на квалитетот на живот на лицата со дијабетес и сите хронично болни. Со секојдневна комуникација и поддршка за над 70 лица со дијабетес – што на годишно ниво изнесува повеќе од 530 граѓани – СЗДСМ активно работи на решавање на нивните потреби.

Нашата мрежа се состои од 25 здруженија низ Македонија, во кои се вклучени над 1.200 активисти и волонтери – лица со дијабетес и нивните семејства. Сојузот има силна поддршка од заедницата, медиумите и бизнис секторот, кои активно придонесуваат во справувањето со предизвиците поврзани со дијабетесот, особено во периоди на недостиг од терапии и медицински помагала.

Нашите достигнувања:

Стратешка соработка со државните институции, вклучувајќи ја Националната комисија за дијабетес, Универзитетската клиника за ендокринологија и МАЛМЕД.
Прво национално истражување за квалитетот на живот кај лицата со дијабетес (HRQoL), спроведено на 1.400 испитаници низ осум статистички региони.
Активна застапеност за подобрување на системот за набавка на глукомери, ленти и други медицински помагала.
Организирање на едукативни работилници, над 130 досега, во соработка со научни и медицински институции.
Донесување измени во Законот за лекови и медицински помагала, што овозможи унапредување на терапиите и стандардите во согласност со ЕМА.
Организирање на 9 форуми за одбележување на Светскиот ден на дијабетесот – 14 ноември.
Предупредувачки протест за заштита на правата на лицата со дијабетес.
Донација на над 700 глукомери и 11.000 ленти во време на криза.
Советувања (онлајн и телефонски) за лицата со дијабетес.
Организирање на едукативен камп за деца и млади со дијабетес тип 1 (2024).
Учество во DIA EURO, европско натпреварување во футсал за лица со дијабетес.
Придружно членство во EU RETINA – меѓународна организација за борба против ретинопатија.
Обезбедување современа терапија и дигитални медицински помагала, вклучително CGM систем за континуирано мерење на гликемија за 700 деца, адолесценти, слепи лица и лица со гестациски дијабетес.
Национален план за справување со дијабетес (2018-2028) – стратегија за подобрување на третманот на лицата со дијабетес.
Донесување нов протокол за дијагноза, третман и менаџирање на дијабетесот во Македонија.
Формирање на Национален регистар на лица со дијабетес.

Благодарение на нашите напори, проблемите со кои се соочуваат лицата со дијабетес станаа јавна тема, медиумите редовно известуваат за предизвиците, а свеста за ова заболување значително се зголеми.

👉 Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија продолжува со својата мисија за подобрување на животот на лицата со дијабетес преку застапување, едукација, иновативни решенија и соработка со сите релевантни институции.