Биди дел од позитивната промена! Придружи ни се како волонтер и помогни ни да ја подобриме грижата и животот на луѓето со дијабетес во Македонија.
"Волонтерската работа е од непроценлива вредност за Сојузот на здруженија на лица со дијабетес на Македонија. Вашата помош и посветеност ќе ни помогнат да ги реализираме нашите цели и да им обезбедиме поддршка на лицата со дијабетес.
Зошто да волонтираш?
✔ Придонесуваш кон заедницата и правиш разлика во животите на многу луѓе.
✔ Стекнуваш нови знаења за дијабетесот и здравствениот систем.
✔ Стануваш дел од посветена и инспиративна заедница.
✔ Развиваш лични и професионални вештини преку различни активности.
Како можеш да помогнеш?
🔹 Организација на настани – Поддржи некој од нашите форуми, работилници или кампањи.
🔹 Едукација и информирање – Помогни ни во ширење свест за дијабетесот преку презентации, онлајн активности или промотивни материјали.
🔹 Поддршка на лица со дијабетес – Вклучи се во програми за менторство и поддршка на новодијагностицирани пациенти.
🔹 Фондрајзинг и донации – Организирај иницијативи за собирање средства за потребните медицински помагала и терапии.
Кој може да стане волонтер?
Секој што има желба да помогне! Без разлика дали си студент, професионалец или пензионер – твојот ангажман може да направи голема разлика.
📩 Приклучи се денес! Контајтирај не на е-маил и приклучи се кон нашата мисија.