АПЕЛ: ИТНА достапност на целосна терапија и да не се врши ЗАМЕНА на терапии

 

   До:

  • Prof. D-r.  Arben Taravri – Министер за здравство на Република Северна Макединија и

 

  • Влада на Република Северна Македонија,

 

  • Национална Комисија за Дијабетес

 

 

Предмет:  АПЕЛ: ИТНА достапност на целосна терапија

      и да не се врши ЗАМЕНА на терапии,

 

Сојузот на здруженија со лица со дијабетес во Северна Македонија (СЗДСМ),  УРГЕНТНО Апелираме до Министерство за здравство и Владата, да се започне со испорака на сите инсулини и антидијабетична терапија по инсулинските аптеки во целост, согласно потребите и бројот на постоечки пациенти;

Апелираме до инсулинските аптеки да не нудат замена на терапија, која исклучиво треба да биде препишана од страна на ендокринолог;

Апелираме до нашите членови да си помагаме со позајмици на онаа терапија која ни фали без да прифатиме нејзина административна промена во аптеките;

Апелираме до сите засегнати страни да се изнајде начин за испорака на потребната терапија без било какви администартивни решенија или поточно нерешенија кои ќе ја нарушат нашата контрола на шеќерот, а со тоа ќе се наружи и нашето здравје;

Апелираме до сите да не го трошат нашето трпение и разбирање за оваа ситуација за која сме свесни дека може да се избегне ако сите процеси со тендерот се започнат на време без никакви одлагања или изговори.

 

Со почит,

Претседател на СЗДСМ,

 Димче Велев