СОЗДАВАМЕ ДИЈАБЕТЕС КУЛТУРА!
NE KRIJIM NJË KULTURË TË DIABETIT!
Се за Нас – Со Нас!
Gjithçka për Ne – Me Ne!
14ти Ноември – Светскиот ден за борба со дијабетес
„БЛАГОСТСОЈБА КАЈ ЛИЦАТА СО ДИЈЕБАТЕС!“
По повод светскиот ден на дијабетот -14 ноември,
Здружение на граѓани со дијабетес за општините Гевгелија, Богданци и Дојранение на Здружението на Дијабетичари за општините Гевгелија Богданци и Дојран организира настан на кој сите присутни ќе имаат можност за бесплатно мерење на шеќер во крвта и мерење на крвен притисок, а ќе биде изнесено и кратко едукативно предавање на тема:
“Прва помош при хипогликемија”(низок шеќер во крвта)
Место: Плоштад-Гевгелија
Дата: 09.11.2024 (сабота)
Почеток: 14:30 часот
*********************************************************************
Диабет Полог Здружение на лица со дијабетес „ДИЈАБЕТ ПОЛОГ“ Тетово, по повод 14 Ноември – Светскиот ден на дијабетес ќе ги посети соборците од Општина БРВЕНИЦА, на ден
12.11.2024 г. (втроник) од
09.00 – 12.00 часот во
центарот на Брвнеција. Изразуваме голема Благодараност до Градоначалникот на општината за соработката и поддршката.
Ве очекуваме!
*********************************************************************
Имено на 12ти Ноември ќе имаме интера-активна работилница за лица со лица со дијабет тип 1 на тема: Полиневропатија, невропатија и дијабетно стопало-предавач: спец.ендокринолог Катерина Адамова од Клиниката за ендокринологија,.
Воедно ќе има мерење на гликемија во Соколанскиот парк.
На 14 ти Ноември ќе се оддржи Работилница на тема: Бубрежни болести и дијабет со спец.нефролог Надица Мисовска.
На 14 ти ноември – мерење на гликемија во с.Липково и предавање на тема:Современа терапија за дијабетес, предавач др.Лејла Шабани спец. ендокринолог во Центарот за дијабет-Куманово.
***********************************************************************Здружение на лица со дијабетес „Дијабет Вардар“ Гостивар По повод 14 ноември ”Светски ден на Дијабетот,, организираме два настани , кои ќе се одржат на 13 и 14 ноември.
13 ноември во 11:00 часот во спортската сала СОУ- Гостивар ќе се одржи одбојкарски натпревар, женски екипи од СОУ- Гостивар и СОМУ- Гостивар, под мото Дијабетесот и благосостојбата. Очекуваме возбудливи натпревари и одлична атмосфера!
Не пропуштајте ја оваа одбојкарска авантура!
14 ноември во 11:00 часот на гратски плоштад Гостивар.
На овој настан ќе имате можност за подигање на јавна свест за дијабетот, како и мерење на шеќер и притисок во крв. Вашето присуство е од големо значење за нас и ќе придонесе за успехот на овој настан.
**********************************************************************
„Дијабетесот и благосостојбата со посебен аспект на важноста за холистичкиот пристап кон здравјето на лицата со дијабетес” Предавач: Д-р Алесандар Митов, магитер по јавно здравје и влијанието на животната средина врз здравјето на луѓето.
Место на одржување: Приватна установа за социјална заштита на стари лица во Битола “Дом Софија”
Дата на одржување: 14-ти ноември 2024 Време на одржување: 12:00 -13:00часот.
Заради ограничениот број на места ве молиме да го потврдите вашето присуство
до 10ти ноември 2024г. во порака на Вибер или СМС порака на тел.број 075 395 023 Душанка. Секој ќе си добие бројче за присуство.
*******************************************************************
Здружение на лица со дијабетес
Diabetes LIlilpop Veles во соработка со Inner Wheel Club – Велес во соработка со Здружение на пензионери – Велес, по повод Светскиот ден на дијабетесот организира акција за мерење на нивото на шеќер во крвта кај пензионерите од
Велес со цел подигнување на свеста за дијабетесот и негова превенција. Акцијата е под покровителство на Здружение на лица со дијабетес и ќе биде предводена од:
– д-р Елена Левкова-Ќулумова – член и потпретседател на Inner Wheel Club – Велес
– д-р Мирјана Николова – специјализант по ендокринологија -Mirjana Nikolova
– Иванка Караѓозова Трчкова – претстедател на Здружение на лица со дијабет – Велес – Ivanka Karagjozova Trchkova
Акцијата ќе се одржи во Пензионерски дом на 14 Ноември со почеток во 9 часот.
**********************************************************************
*********************************************************************
Здружение на лица со дијебетес „Мост“ – Скопје
Здружение на лица со дијабетес ЗД Мост-Скопје со пригодна активност ќе го одбележи Светскиот ден на борба против дијабетесот Ве покануваме да присуствувате на одбележувањето на овој ден, организирано од Здружение ЗД Мост-Скопје и СЗДСМ
Локација: НУБ Св.”Климент Охридски” (Национална и универзитетска библиотека) Датум: 15.11.2024 година (петок)
почеток во 18 ч.
18:10 – 18:25 Д-р Ивана Василева интернист – Диаверум
18:25 – 18:40 Д-р Мирослава Шевченко – спец.семејна мед.
18:40 – 18:50 Краток документарен филм
18:50 – 20:00 Дружење и коктел
***********************************************************************
По повод 14-ти Ноември – Светскиот ден на дијабетесот, кој што годинава Интернационалната дијабетолошка федерација го одбележува под тематското мото – „Дијабетес и благосостојба“,
– 10,45 часот – почеток на настанот на локација веднаш до споменикот „Воин на коњ“ со поставен и посебен штанд.
– 11,00 часот – доаѓање на членови на Баланс МК – дечиња и нивни родители, останати лица со дијабетес и гости – претставници на медицинска фела инволвирани во проблематиката на дијабетесот , претставници на партнерски пациентски здруженија, и други поканети.
– 11,15 часот – пристигнување на претставници на Министерството за здравство, на чело со Министерот г-дин Таравари, претставници од Фонд за здравство и средба и разговор со децата и претставници на здружението
– 11,30 часот – децата, лицата со дијабетес и нивните ближни и поддржувачи ќе пуштат 200-тини хелиумски сини балони како симбол од потребата на Живот со дијабетес во благосостојба
– 12,00 часот – Завршување на настанот и делење прес материјали за заинтересираните медиуми
Активности за мерење гликемија (шеќер) во крв ќе реализираат здруженијата во Тетово, Радовиш, Делчево, Берово …