Tag - СЗДСМ

Камп за лидесртво

СЗДСМ со свој претставник на Младинскиот камп за лидерство во Италија организиран од IDF

За прв пат откако СЗДСМ е членка на IDF, имаме наш кампер на Младинскиот лидерски камп 2025 (#YLC) во Парма, Италија! 🙌 Првиот ден започна со топло добредојде од претставниците на IDF Europe и домаќините. Исто така, камперите беа почестени од присуството на локалните власти и инспирирани од моќните говори од застапниците на дијабетесот, поставувајќи ја сцената за една недела учење, поврзување и јакнење. Вториот ден од Младинскиот камп за лидерство во Парма донесе моќни разговори, нови вештини и значајни врски на и надвор од теренот! 💡Денот започна со интерактивна работилница за Синдромот на измамник, водена од Алиса Фолкнер (ментор од Шкотска) и Пако Оренго Санчез, од Медтроник, што предизвика важни размислувања. 🔎Потоа, Ирина Власенко и Елизабет Дупонт, од IDF Европа, споделија сознанија за состојбата со дијабетесот низ Европа - истакнувајќи ги главните празнини во пристапот до здравствена заштита. Мартина Малија (ментор од Малта) истражуваше со учесниците како јазикот и говорот е важен во застапувањето, додека Кона Таки (ментор од Грција) ги водеше учесниците низ сесија за јакнење во односот лекар-пациент. 💙Вечерта заврши со сесија водена од Камерон Кирон (ментор од Ирска) и Хавир Пал (член на одборот на IDF Европа), фокусирана на излегување од зоната на удобност и справување со животот со дијабетес - емотивен и инспиративен момент. 🙏🏻Горди сме што Македонија и СЗДСМ како полноправен член на IDF, има свој претставник на овој младински камп за лидерство!
Read more...

Едукативен настан: Корисноста од Системите за континуирано мерење гликемија – сензори

На 7 мај во Куманово се одржа едукативен настан во организација на Здружение на дијабетичари – Куманово и Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, посветен на подигање на свеста и едукација за животот со дијабетес, особено за лицата со Тип 1 и дел од оние со Тип 2 дијабетес. Настанот беше фокусиран на системите за континуирано мерење на гликемија (CGM) – сензори, како и инсулинските пумпи и нивното влијание врз квалитетот на животот. Присутните имаа можност да слушнат предавање за најновите практики во менаџирање и третман на дијабетесот, поддржано од компанијата Би-МЕК Медицинска опрема. Дополнително, во еден отворен и топол разговор, повеќе присутни споделија лични искуства за животот со и без користење на сензори и пумпи, што придонесе за размена на корисни информации и зајакнување на заедницата. Како дел од настанот, на дел од присутните им беа донирани CGM уреди CIBIONICS, за што упатуваме голема благодарност до Би-МЕК за нивната несебична поддршка и ангажман во унапредување на третманот за лицата со дијабетес во Македонија. Со вакви активности, Сојузот продолжува да гради дијабетес култура базирана на едукација, поддршка и заедништво.
Read more...