Мисија

Што е нашата мисија?

Мисија: СЗДСМ е граѓанска организација чија мисија е подобрување на квалитетот на животот на лицата со дијабетес преку залагање за поквалитетен здравствен сервис за истите, едукација на нивните семејства и подигање на свеста кај граѓаните за дијабетесот, во соработка со сите стратешки партнери и надлежни институции во Македонија.


Што е нашата визија?

Визија: СЗДСМ е водечка организација која ги застапува и претставува интересите на здруженијата на лицата со дијабетес. Организцијата влијае врз подобрување на легислативата, здравствените и општествено-социјалните стандарди на истите, како и за еднаков третман на лицата со дијабетес во Северна Македонија.


Кои се нашите вредности?

СЗДМ кој преставува заедничко семејство, посветено изјавува дека нас ќе го водат следните вредности:

  • Чесност: сме за вистината, реализација на нашите ветувања се приоритет број еден. Ние ќе се придржуваме кон доверливоста и почитување на приватноста на другите.
  • Сочувство: се однесуваме со емпатија и без предрасуди, почитувањето на маките на другите, и се водиме со нашата емпатија во акција.
  • Интегритет: одржувањето на високи стандарди на личното однесување и вградувањето на нашите вредности во нашата организациските политики, постапки и однесување.
  • Солидарност: се поддржуваме еден со друг во рамките на глобалната заедница од дијабетес.
  • Креативност: флексибилни, бараме иновативни и алтернативни идеи, сме подготвени да се соочиме со предизвикот на конвенционалната мудрост и ги искористуваме можностите што се појавуваат.
  • Културната чувствителност: почитуваме вредноста на сите култури и ги признаваме човековите права на сите луѓе.
  • Соработка: почитуваме вредноста на сите култури и ги признаваме човековите права на сите луѓе.
  • Прифаќање на ризик: ние сме смели, сите сме различни, си поставуваме амбициозни цели и ги прифаќаме ризикот при заштита на нашата организација.
  • Независност: ќе ја задржиме нашата независност и не сме и не може да бидеме заложници на која било друга организација, институција, претпријатие и партија.
  • Истрајност: ние овозможуваме за другите, никогаш не заборавајќи дека сите што го правиме е за доброто на луѓето со дијабетес. Ние прифаќаме да учиме од нашите грешки.