Дијабет


ДЕФИНИЦИЈА

  • Дијагнозата на дијабетес се базира на покачени нивоа на гликоза на гладно (плазма гликоза ≥ 7.0 mmol/L) или на ниво на гликоза мерена два часа по гликоза толеранс-тест (плазма гликоза ≥ 11.0 mmol/L)(табела 1). Гликоза во целокупна крв + околу 1 mmol/L = плазма или серумска гликоза. Пациенти со благо покачено ниво на гликоза на гладно сега се сметаат како посебна ризик-група.
  • Нарушена гликозна толеранција (ИГТ) се однесува на нормални вредности на гликоза на гладно со покачени вредности по 2 часа (плазма гликоза ≥ 7.8-11.0 mmol/L).
  • Гликозилиран хемоглобин, HbA1c одговара за мониторирање долготрајна гликемиска контрола кај луѓе со дијабетес; но со сегашните методи тестот не е доволно сензитивен за дијагностички цели.
  • Ако пациентот не покажува знаци за тип 1 дијабетес (инсулин-зависен дијабетес ИДДМ) (полидипсија, полиурија, губење тежина, значајно покачени нивоа на глико за во крвта и кетони во крвта и во урината) тој најверојатно има тип 2 дијабетес.
  • Терминот тип 2 дијабетес (инсулин-независен дијабетес НИДДМ) обично се однесува на дијабетес дијагностициран по возраст од 35 години. Иако овие пациенти можат да преживеат без инсулин, тој често се препишува за да превенира оштетување на органите од хипергликемија.
  • Возраста во почетокот не е секогаш индикативна за типот на дијабетесот. За време на дијагнозата, 10–15% од пациентите со тип 2 дијабетес се на возраст над 30 години. Ова е таканаречен MODY тип на дијабетес, често почнува на возраст под 25 години, како што обично не е случај со тип 2 дијабетес.
  • Некои пациенти (околу 10%) изгледа дека имаат тип 2 дијабетес, но развиваат значаен инсулински дефицит за неколку години. Кај овие пациенти вообичаено се детектираат GAD -антитела. Овие пациенти се класифицираат дека имаат тип 1 дијабетес според последната WHO-класификација. Оваа состојба, исто така, се однесува на следните неутврдени термини: LADA “Latent Autoimmune Diabetes in Adults” и “тип 1 1⁄2 дијабетес”.